fbpx

Ристовска: Од каде му се на Иванов доверливите податоци и имиња од предистражните постапки

-

Специјалното јавно обвинителство ја анализира одлуката на претседателот на државата Ѓорге Иванов за аболиција и води истрага која треба да покаже од каде тој располагал со податоците и со имињата на лица за кои се води предистражна постапка, која според законот е тајна, изјави на денешната прес-конференција, обвинителката на СЈО, Ленче Ристовска.

– Ние потврдуваме дека претседателот Иванов нас не нè консултирал воопшто ниту, пак, ние сме побарале од него да донесе вакви одлуки. Ние на претседателот му немаме дадено никакви податоци, ниту тие кои се јавно објавени за случаи за кои се водат истражни постапки ниту, пак, за лица за кои се водат предистражни постапки – рече Ристовска.

За неговата одлука, како што посочи обвинителката, тие дознале од прес-конференцијата на Иванов. Одлуките им биле доставени од кабинетот на претседателот и тие сè уште се анализираат.

– Станува збор за многубројни одлуки, поради што е потребно да се изврши анализа. Таа е потребна бидејќи треба да се утврди дали и колкав обем од податоците со кои претедателот располагал биле јавно објавени, а колку од нив се доверливи податоци. Станува збор за податоци што произлегуваат од предистражни постапки кои се тајни. Нашата анализа сè уште трае така што откако ќе завршиме со анализата, ќе собереме веројатно и доволно докази за тоа од каде доаѓаат и од чија страна се објавени вака доверливи информации и секако ќе преземеме сооодветни активности за лицата кои ги објавиле да сносат одговорност – изјави Ристовска.

Таа од името на своите колеги од СЈО, кои се најдоа на листата на аболираните, рече дека тие не го прифаќаат помилувањето бидејќи тоа претставува грубо прекршување на нивните индивидуални права.

– Во името на сите аболирани јавни обвинители на ова јавно обвинителство, ве известувам дека јавните обвинители не ги прифаќаат аболициите на претседателот бидејќи тоа претставува грубо прекршување на идивидуалните права на јавните обвинители со ставање во исти кош со лица за кои ние имаме докази што упатуваат на сериозни сомневања за сторени кривични дела – рече обвинителката Ристовска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...