fbpx

Стејт департмент: Загрижени сме од одлуката на Иванов за помилување на функционерите

-

Соединетите Американски Држави се длабоко загрижени од одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги помилува лицата што се предмет на истрага за скандалот со прислушуваните разговори, пишува во реакцијата на американскиот Стејт департмент.

„Ако се спроведе, оваа одлука ќе ги заштити корумпираните функционерите и ќе ги лиши граѓаните на Македонија од правдата. Таа, исто така, уште повеќе ќе го поткопа владеењето на правото во Македонија, интегритетот на нејзините судски институции и кредибилитетот на посветеноста на лидерите кон темелните вредности на НАТО и на Европската Унија. Како пријател на Македонија, Соединетите Американски Држави го повикуваат претседателот Иванов да ја преиспита својата одлука и да ѝ дозволи на канцеларијата на Специјалното обвинителство – основано како дел од Договорот од Пржино – да ги истражи сериозните обвинувања за грешките на Владата и да им овозможи на судовите да си ја работат работата. Исто така, ги охрабруваме Владата и партиите да продолжат да работат на реформите што ќе ги зајакнат демократските институции и ќе ја вратат Македонија на патот кон веродостојни избори и евроатлантските интеграции“, се вели во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...