fbpx
Таг: одлука

таг: одлука

Дванаесет новинари во „Телма“ прогласени за технолошки вишок

Дванаесет вработени во „Телма“, со одлука на раководството, денеска се прогласени за технолошки вишок, јавува „Плусинфо“. Меѓу нив се и докажани новинарски имиња како Панта Џамбазовски, Емилија Лазаровска, Томислав Османли, Виолета Зајкова, Соња Николовска, Јулијана Лефковска-Пешевска и други вработени во информативната, културната и во забавната редакција на телевизијата. Тие не добиле образложение зошто е донесена таквата одлука, но во писменото известување...

Уставниот суд одлучува за законитоста на распуштањето на Собранието

Уставниот суд денеска треба да одлучи за уставноста и законитоста на одлуките за распуштање на Собранието, со одложено дејство, од 18 јануари и 23 февруари, оваа година. На минатата седница, одржана пред точно една недела, уставните судии едногласно прифатија да ја разгледуваат иницијативата поднесена од Демократската унија за интеграција (ДУИ), со која се оспорува распуштањето на Собранието. Судиите, во меѓувреме, донесоа...

„Диво Насеље“ ќе се суди во големата сала на Врховниот суд, реши Владата

Следното рочиште за случајот „Диво Насеље“ ќе се одржи во големата сала на Врховниот суд, откако со одлука на Владата салата му е дадена на времено користење на Кривичниот суд за потребите на ова судење, во кое обвинети се 29 лица за настаните од 9 и 10 мај, минатата година. „Основниот суд Скопје 1 – Скопје ги информира претставниците на...

Тачи: Целта на одлуката на Уставниот суд е да се врати старата влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Имаме среќа што меѓународниот фактор сѐ уште мисли на нас. Да не оставеа сами на себе, ќе се самоубиевме до сега, изјави денеска претседателот на ДПА, Мендух Тачи, по средбата со заменик-помошникот државен секретар за Европа и за Азија во Стејт департментот, Хојт Брајан Ји - Во мојата политичка кариера од ништо не ми се гадело повеќе отколку од оваа одлука...

Дескоска: Одлуката на Уставниот суд создава само привид дека нешто се решава

Одлуката која денеска ја донесе Уставниот суд е уште една потврда дека решенијата ги пишува Груевски, а не оние што ги носат тогите во судот, изјави на денешната прес-конференција, Рената Дескоска, член на Извршниот одбор на СДСМ. Таа рече дека пред точно три месеци, Уставниот суд се прогласил ненадлежен за уставноста на одлуката за распуштање на Собранието со одложено дејство,...

„Протестирам“: Уставниот суд покажа знаци на живот, но тоа не е доволно

Граѓанската иницијатива „Протестирам“ ја поздрави денешената одлука на Уставниот суд, со оценка дека судот „покажа знаци на живот“, но велат дека тоа не е доволно, поради што продолжуваат со протестите. „Уставниот суд денеска покажа знаци на живот. Но тоа не е доволно! Продолжуваме да протестираме до исполнување на барањата!“, напишаа од „Протестирам“ на нивниот официјален Фејсбук-профил. Од граѓанската иницијатива, која повеќе...

Ахмети: Уставниот суд денеска донесе правилна одлука

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети ја поздрави денешната одлука на Уставниот суд, посочувајќи дека станува збор за прв, неопходен чекор во решавањето на политичката криза. „Jа поздравувам денешната правилна одлука на Уставниот суд која овозможува враќање во Собрание како прв чекор, неопходен за решавање на тешката политичка криза. Ги поканувам сите лидери, медиуми како и граѓанското општество...

Уставниот суд ги замрзна изборите и изборната кампања

Уставниот суд на денешната седница, покрај одлуката за поведување на постапка за оценување на уставноста на распуштањето на Собранието, донесе и времена мерка со која ги замрзна сите активности кои произлегуваат од спорните одлуки за распуштање на Законодавниот дом. Ова, како што појаснуваат од Уставниот суд за „Мета“, значи дека запираат сите дејствија, вклучително изборите, изборната кампања, изборните рокови и...

Уставниот суд направи прв чекор кон поништување на одлуката за распуштање на Собранието

Уставните судии едногласно ја изгласаа одлуката да поведат иницијатива за оценка на уставноста за распуштањето на Собранието. Конечната одлука дали распуштањето на Собранието е уставно, како што соопштија од Уставниот суд, ќе биде донесена наредната недела, а до тогаш ќе важи одлуката за времена мерка со која се запираат сите дејствија што произлегуваат од спорната одлука на Собранието. Уставниот судија, Исмет...

„Протестирам“ и „Шарената револуција“: Судии застанете на страната на правдата

„Протестирам“ и „Шарената револуција“ денеска јавно се обратија до судиите во Уставниот суд. Тие ги повикаа судиите „да застанат на страната на правдата“. „Судии, денес ќе треба да одлучите дали да поведете постапка по иницијативата за преиспитување на уставноста на Одлуката за распуштање на Собранието. Да ве потсетиме дека таа Одлука беше донесена пред рокот предвиден за нејзино донесување, односно...

Уставниот суд расправа за уставноста на распуштањето на Собранието

Уставниот суд денеска расправа по иницијативата за испитување на уставноста и на законитоста на одлуката за распуштање на Собранието, што во петокот ја поднесе пратеникот на ДУИ, Талат Џафери. Информацијата за седницата на која ќе се расправа по оваа иницијатива беше објавена вчера на интернет-страницата на Уставниот суд со што беше променет целиот дневен ред за да се закаже само една...

Левица: ВМРО-ДПМНЕ да ги уплати парите што планира да ги потроши за свој каприц

Левица предупредува дека во случај да се одржат избори на 5 јуни, ќе биде прекршен Уставот на Република Македонија. Како што соопштија од партијата, според Уставот, една од темелните вредности на уставниот поредок се демократски избори. „И оној што има најелементарно познавање од правото сфаќа дека најелементарен услов за демократски избори е да се има избор помеѓу две опции, а сега...

Иванов: Досега не најдовме правна основа за повлекување на аболицијата

Како што најавив во моето последно обраќање, а во врска со пристигнатите лични барања за повлекување на одлуката за помилување – ослободување од гонење без спроведување постапка, во тек се консултации со правни експерти за наоѓање можно правно решение, пишува претседателот Ѓорге Иванов во писмена изјава. Во изјавата стои дека од досега извршените консултации со врвните правни експерти во државата, не...

Кривичниот суд ја запре постапката за случајот „Поткуп“

Кривичниот суд во Скопје донел одлука со која ја запрел постапката за случајот „Поткуп“, во кој обвинет е лидерот на СДСМ, Зоран Заев, потврди судот. Судијката Даниела Груевска-Илиевска, која го водеше предметот, одлуката ја донела по добивањето на одлуката на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, за помилување на Заев. - По добивањето на одлуката на претседателот Ѓорге Иванов, судијата донесе одлука...

Наместо обвинителката на СЈО, Иванов помилувал друга Фатиме Фетаи

„Во изведбата на најсрамниот чин во историјата на Република Македонија при неразбирливо брзање, барем за мене не требаше толку да брзате, всушност, сте ја помилувале Фатиме Фетаи од Гостивар. Верувам дека сте мислеле на мене, односно сугестиите Ви биле за мене, само што требало детално да Ви ги кажат моите лични податоци“, навела обвинителката на Специјалното јавно обвинителство (СЈО),...

Одлуката за патување во Косово со лични карти стапи на сила

Меѓудржавната спогодба на владите на Македонија и на Косово за условите за патување на државјаните на двете земји со лични карти, од денеска официјално стапи на сила. Почетокот на одлуката денеска го означија македонскиот заменик-министер за внатрешни работи, Агим Нухиу, дополнителниот заменик-министер, Митко Чавков, кои на граничниот премин Блаце се сретнаа со заменик-министерот за внатрешни работи на Косово, Валдет Хоџа. За...

Груби: Иванов да најде правен начин за повлекување на одлуката за аболиција

„Кризата мора да се реши веднаш затоа што целото општество е веќе преморено од отсутност на нормалност, стабилност, сигурност, мир, од немањето можност за развивање бизнис, за отварање нови работни места и за развој на економијата, но и од секојдневната можност за судири и за насилство“, пишува Артан Груби, шефот на кабинетот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во...

ДИК вечерва треба да соопшти дали има услови за избори на 5 јуни

Независниот член на Државната изборна комисија (ДИК), Атанас Урумов, денеска информираше дека на вечерашната седница ДИК ќе треба да соопшти дали има или нема услови за избори на 5 јуни, јави „Плусинфо“. - Пред почетокот на седницата, имавме состанок со амбасадорите Џес Бејли и Аиво Орав. Тие од нас побараа концизно да се произнесеме дали има услови за избори на...

Вељаноски се спротистави на одлуката на Иванов за аболиција

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, преку писмо го извести претседателот Ѓорге Иванов дека ја одбива аболицијата. - Никогаш не сум побарал од Вас никаква аболиција, од едноставна причина што навистина нема за што да ме аболирате. Истовремено, како што тоа го истакнав во моето соопштение до јавноста во средата, на 13 април, најенергично се спротиставувам на Вашата одлука за аболиција. Но,...

ВМРО-ДПМНЕ бара од Иванов да ја преиспита одлуката за аболиција

Во писмото што владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ му го испрати на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, се бара тој да ја преиспита одлуката за прекинување на постапките против политичари од власта и од опозицијата и нивни соработници од 13 април и да ја разгледа можноста за нејзино повлекување. „Горенаведената одлука директно задира во реформскиот процес почнат со политичкиот договор од 2 јуни,...

Столтенберг не барал од Москва откажување на изложбата на запленето западно оружје од Украина

На Телеграм има профил “Jens Stoltenberg”, кој делува како да му припаѓа на шефот на НАТО, но нема некоја ознака дека е верифициран и има само 15 следбеници, ама од...