fbpx

Левица: ВМРО-ДПМНЕ да ги уплати парите што планира да ги потроши за свој каприц

-

Левица предупредува дека во случај да се одржат избори на 5 јуни, ќе биде прекршен Уставот на Република Македонија.
Како што соопштија од партијата, според Уставот, една од темелните вредности на уставниот поредок се демократски избори.

„И оној што има најелементарно познавање од правото сфаќа дека најелементарен услов за демократски избори е да се има избор помеѓу две опции, а сега тоа не е случај. Упатуваме јавен повик до пратениците од антирежимските партии да влезат во Собранието и да не го напуштаат Собранието сѐ додека претседателот на Собранието не свика седница на која ќе биде повлечена одлуката за самораспуштање на Собранието, а за да не дојде до прекршување на Уставот. Пратениците земаат плата и во овој период. Нека си ја заработат“, велат од Левица.

Левица смета дека тоа што ВМРО-ДПМНЕ ќе оди сама на избори е каприц со кој се прекршува Уставот. Од партијата сметаат дека ДИК треба да побара ВМРО-ДПМНЕ да ја уплати сумата што е потребна за организирање на изборите пред да почне да ги троши парите.

„Бидејќи одењето сами на избори претставува каприц, кој ќе го прекрши Уставот и кој ќе ја чини државата 7,5 милиони евра, ДИК да побара од ВМРО-ДПМНЕ да ја уплати оваа сума пред да почне да троши пари за организирање на изборите. Не сме толку богати за да фрлиме 7,5 милиони евра за нечиј каприц!“, сметаат од Левица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...