fbpx

Коцијанчич: Нема минимум услови за избори на 5 јуни, лидерите да не се преправаат дека е сè во ред

-

Не се исполнети ниту минимум услови за веродостојни избори на 5 јуни, кои би можеле да бидат признаени од меѓународната заедница, како и владата што би произлегла од нив, вели во изјава за „Дојче веле“ портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.

Според Коцијачич, во актуелните услови, која било влада што ќе произлезе од избори во кои трите најголеми партии (СДСМ, ДУИ и ДПА н.з.) не учестуваат, нема да биде кредибилен партнер за меѓународната заедница.

Таа во изјавата потсетува на потребата од прочистување на избирачкиот список, обезбедување балансирано медиумско известување и од истражување на заканите врз гласачите и ги повикува сите политички лидери и власти во земјава да преземат одлучни чекори за да се справат со ситуацијата, почитувајќи го Договорот од Пржино.

„Исто така, итно е потребно лидерите да се зафатат со решавање на проблемите со владеењето на правото без понатамошно одложување. Ова особено се однесува на повлекување на претседателската амнестија. Правдата мора да надвладее и тоа мора да биде видливо. Тоа е единствениот начин да се врати довербата на граѓаните во државните институции, да се стави крај на актуелните тензии и да се зачува владеењето на правото во земјата“, вели Коцијанчич.

Портпаролката на ЕК предупредува дека последните потези ќе имаат „сериозни последици“.

„Политичките лидери не можат да се преправаат дека е сè во ред. Последните потези и идното непостапување ќе имаат сериозни последици“, се наведува во изјавата на Коцијанчич.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...