fbpx

„Протестирам“ и „Шарената револуција“: Судии застанете на страната на правдата

-

„Протестирам“ и „Шарената револуција“ денеска јавно се обратија до судиите во Уставниот суд. Тие ги повикаа судиите „да застанат на страната на правдата“.

„Судии, денес ќе треба да одлучите дали да поведете постапка по иницијативата за преиспитување на уставноста на Одлуката за распуштање на Собранието. Да ве потсетиме дека таа Одлука беше донесена пред рокот предвиден за нејзино донесување, односно 60 дена пред датумот на избори и без притоа да се води сметка за фактот дека услови за фер и демократски избори во Република Македонија нема! Денес конечно ќе треба навистина да ја одиграте својата улога на заштитници на правата и слободите на граѓаните и да застанете на страната на правдата и законот“, пишува во јавното обраќање на „Протестирам“ и „Шарената револуција“.

Од граѓанските движења додаваат и дека бруталноста на одлуката и бескрупулозноста во спроведувањето на намерата да се оди на избори во услови на целосно укинување на правната држава, претставува чин на сурова диктатура.

Граѓаните ги потсетуваат судиите и дека ќе треба да одлучуваат по иницијативата за преиспитување на уставноста на Законот за специјалното јавно обвинителство.

„Произнесувањето на Уставниот суд и за оваа иницијатива е од суштинско значење за натамошниот развој на политичката криза во Македонија и неслучајно е дел од барањата на „Протестирам“. Да ве потсетиме исто така дека на 5 март 2016 година на затворена седница, во невообичаено краток временски период, се одлучи по иницијативата за преиспитување на уставноста на Законот за помилување. Дел од вас гласаа „за“ и така се донесе одлуката за целосно укинување на Законот за помилување. Денес треба да се ставите над интересите на злосторничкото здружение и да донесете одлука која ќе ги врати кредибилитетот и довербата на граѓаните во Уставниот суд. Денес треба да победат правдата и законот“, пишува во соопштението на „Протестирам“ и „Шарената револуција“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...