fbpx

Наместо обвинителката на СЈО, Иванов помилувал друга Фатиме Фетаи

-

„Во изведбата на најсрамниот чин во историјата на Република Македонија при неразбирливо брзање, барем за мене не требаше толку да брзате, всушност, сте ја помилувале Фатиме Фетаи од Гостивар. Верувам дека сте мислеле на мене, односно сугестиите Ви биле за мене, само што требало детално да Ви ги кажат моите лични податоци“, навела обвинителката на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Фатиме Фетаи, во писмо до претседателот на државата, Ѓорге Иванов, во кое бара тој да ја повлече одлуката за нејзино помилување, пишува „Сакам да кажам“.

Таа му посочува на претседателот дека живеела во село Боговиње – Тетовско, а не во Гостивар, и дека, како што вели Фетаи, со целата оваа рашомонијада што ја направил Иванов, целосно го избришал правниот систем во Република Македонија.

Покрај Фетаи, одделни писма до Иванов испратиле и нејзините колеги од СЈО, кои се најдоа на списокот на претседателот, Лиле Стефанова и Гаврил Бубевски. Тие освен што бараат од Иванов да донесе одлука со која ќе ја стави надор од правна сила одлуката за помилување, го поучуваат дека основен услов да ослободи лице од кривично гонење е против тоа лице да се води кривична постапка, а против сите тројца обвинители не е поведена кривична постапка.

„Ја одбивам Вашата „добрина“ и „милостина“, која, патем, треба да ја чувате за, како што изјавивте, во иднина. Но и во иднина, Ве замолувам немојте неразумно да се расфрлате со неа за мене. Јас, како јавен обвинител, треба да бидам пример за правичност и затоа инсистирам да одговарам за моите постапки, како што и ќе инсистирам секој да одговара за своите, без исклучок. Ова последното е потсетување дека не сум од класата на Вашите „политичари“ на кои несебично им ја поделивте Вашата „милостина“, за и на начин разбирлив само Вам, преку неказнување на потенцијалните извршители на тешки кривични дела, да стимулирате социјална катарза и да постигнете благосостојба во општеството на подолг рок. Видливо е дека ќе ја постигнете што која ја најавивте, само во обратна смисла…Не, господине Иванов, Но пасарáн. Доколку сметате дека не сте дел од валкани игри и смислени конструкции, еве Ви добра шанса тоа делумно да го докажете. Без разлика на Вашата одлука, за сторената повреда на мојата чест и углед, ќе ги искористам сите правни средства“, пишува во писмото Фетаи.

Обвинителата Лиле Стефанова на Иванов му напишала дека кривичната пријава на која се повикува претседателот за нејзино помилување е вешто направена конструкција за да се наштети на нејзиниот личен и професионален углед и на угледот на обвинителството во кое работи, а сè за „да се влијае на постапката во која беа осомничени поранешни министри и сегашни функционери во Владата на Македонија“.

Бубевски, исто така, бара Иванов веднаш да донесе одлука со која ќе ја стави надвор од правна сила одлуката за помилување и додава дека е подготвен да му достави и образец за да види како изгледа.

„Подготвен сум да Ви доставам и образец за тоа како да изгледа, затоа што немам некоја искрена верба во Вашиот правен тим, па Вие треба само да го потпишете. За жал, Вие сè уште сте овластен потписник на такви акти“, му пишува обвинителот на СЈО, Бубевски, на претседателот Иванов.

Претседател на комисијата за помилување на Иванов е Василка Јурукоска, а членови се Никола Јанкуловски, Марко Зврлевски (републички јавен обвинител, н.з.) Благородна Дулиќ, Бекир Исени, Методија Каневчев, Љупка Арсениевска, Стојанче Рибарев, Нуман Аруч, Воислав Стојановски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОНХЦР: Застрашени сме од гробниците околу болниците во Газа

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (ОНХЦР) Волкер Турк изјави дека е „застрашен“ од гробниците во Газа, пренесува Би-би-си. Во трите гробници кај болниците Насер и Ал-Шифа беа...