fbpx

Уставниот суд направи прв чекор кон поништување на одлуката за распуштање на Собранието

-

Уставните судии едногласно ја изгласаа одлуката да поведат иницијатива за оценка на уставноста за распуштањето на Собранието.

Конечната одлука дали распуштањето на Собранието е уставно, како што соопштија од Уставниот суд, ќе биде донесена наредната недела, а до тогаш ќе важи одлуката за времена мерка со која се запираат сите дејствија што произлегуваат од спорната одлука на Собранието.

Уставниот судија, Исмет Дарлишта, кој беше судија известител, ја образложи иницијативата посочувајќи ги спорните прашања кои се наметнуваат од одлуката на Собранието за негово распуштање со одложено дејствие од 18 јануари и повторната одлука за распуштање на Собранието кое Законодавниот дом ја донесе на 23 февруари. Како што рече Дарлишта, со овие одлуки Собранието ја проширило својата надлежност што е недозволиво за ниту една државна институција, како и за Законодавниот дом.

Претседателката на Уставниот суд, Елена Гошева, во своето излагање рече дека ќе направи преседан и ќе гласа за поведување на постапка за оценка на распуштањето на Собранието, имајќи ја предвид состојбата во која се наоѓа државата во која органите се под блокада.

– Сметам дека судот треба да расправа по оспорените одлуки – рече Гошева.

Инаку, ноќеска непознати лица фрлиле боја пред влезот на Уставниот суд, а Гошева рече дека со тоа судот е атакуван, што е недозволиво во една демократска држава, додавајќи дека нема да се оствари целта на оние кои вршат континуирани притисоци и дека судот нема да престане да работи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...