fbpx
Таг: обвинети

таг: обвинети

Обвинетите во Куманово влегле „да одржат прес за неимплементирањето на Рамковниот“

Политичките проблеми на Албанците и неимплементирањето на Охридскиот рамковен договор била причината поради која кумановската вооружена група дошла во Македонија и во Диво насеље, рече на денешното рочиште првообвинетиот за настаните од 9 и 10 мај 2015 година, Сами Укшини. На прашање Обвинителството, како групата планирала да помогне во имплементирањето на договорот, Укшини рече дека како што му било кажано...

Обвинетите во „Диво насеље“ в петок ќе дадат искази пред судот

Во големата сала на Врховниот суд денеска продолжи судењето против 37 обвинети за настаните во Диво насеље, во Куманово од 9 и 10 мај 2015 година. По рочиштата, кои неколку месеци се одвиваа зад затворени врати, поради сослушување на заштитетни сведоци на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и докази од посебни истражни мерки, денеска судењето повторно...

Во Белград почна судењето за Сребреница

Пред одделението за воени злосторства на Високиот суд во Белград, денеска со читање на обвинението почна судењето за осумтемина обвинети за воени злосторства над цивили во селото Кравица во Босна и Херцеговина за случајот „Сребреница“. На судењето присуствуваат сите обвинeти, поранешни припадници на Специјалната бригада МУП на Република Српска. Според обвинението на Обвинителството за воени злосторства, обвинетите се товарат дека...

Одложен почетокот на судењето за „Еразмус“, одбраната побара изземање на судијката

Почетокот на судењето за случајот „Еразмус“, во кој се обвинети шестмина професори од Економскиот факултет во Скопје, е одложено откако на денешното рочиште дел од адвокатите на обвинетите побарале изземање на судијката Љубинка Башеска и на судијата Ивица Стефановски, како член на судечкиот совет, пренесува „24 Вести“. Адвокатот Јован Јоанидис, во образложението на барањето за изземање на судиите, навел дека...

Почна судењето на 29 турски полицајци за вмешаност во обидот за пуч

Денеска во Истанбул почна судењето на 29 турски полицајци, обвинети за вмешаност во организирањето на неуспешниот обид за воен удар на 15 јули годинава. Како што јавуваат светските агенции, станува збор за прво големо судење против лица обвинети за вмешаност во обидот за пуч во Турција. На 29 обвинети полицајци, од кои 24 се уапсени, ќе им се суди во...

Зад затворени врати продолжува судењето за „Диво Насеље“

Денеска во големата сала на Врховниот суд продолжува судењето против терористичката група поврзана со настаните во Диво Насеље, Кумановско, од 9 и 10 мај минатата година. Денешното, но и следните рочишта закажани за овој месец, ќе бидат затворени за јавноста оти ќе се презентираат транскрипти и извештаи од посебните истражни мерки на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) во врска...

Обвинети во „Диво Насеље“ префрлени во Охрид, градот под силно обезбедување

Од синоќа, центарот на Охрид, околу објектите на Секторот за внатрешни работи, е под силно полициско обезбедување, што предизвика коментари и вознемиреност кај граѓаните. Веќе втор ден улицата и паркиралиштата пред СВР Охрид, затворот и пред објектот на охридската противпожарна бригада се блокирани и забрането е паркирање и задржување на возила. Објектите ги обезбедуваат вооружани полицијаци под полна опрема. Надлежните сè уште не...

Апелацискиот суд Скопје им ги намали затворските казни на осудените во „Шпион“

Апелацискиот суд Скопје донесе одлука со која им ги намали првостепено досудените затворски казни на обвинетите во случајот „Шпион“, а на дел им одреди условни казни. Второстепениот суд делумно ги прифатил жалбите на 17 од обвинетите во случајот и ја преиначил пресудата во делот на казните, додека за еден, Ѓеорги Хаџи-Мицев, Апелација го вратила предметот на повторно судење и...

Хан утре ќе се сретне со обвинети, обвинители и со политичари на црни листи

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, утре доаѓа во Скопје, каде, според најавената агенда, ќе има средби со лидерите на четирите политички партии, потписнички на Договорот од Пржино, специјалната јавна обвинителка и со претставници на невладиниот сектор. За разлика од претходните средби, интересно е што овојпат ќе разговара со лица за кои има ефективни обвиненија, во судска...

ОЈО поднесе обвинение против шест лица од „Еразмус“, за едно постапката е запрена

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информира дека денеска до Основниот суд Скопје 1 поднесе обвинителен акт против шест лица осомничени во предметот „Еразмус“. ОЈО ја запрело истражната постапка за Т.Ф., ценејќи дека нема докази што потврдуваат дека осомничениот го сторил кривичното дело. „Обвинителството ги товари обвинетите врз основа на докази што го потврдуваат основаното сомневање дека повеќепати во...

ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што СЈО го бара не е дел од Договорот од Пржино

„Сè што беше договорено меѓу четирите партии е вклучено во Законот за СЈО. Тоа што СЈО преку СДСМ го побара вчера, не е дел од договорот преку чија реализација земјава треба да излезе од сегашната криза во која СДСМ ја турна државата“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Круна на тој договор се изборите на 11 декември, на кои граѓаните ќе...

СЈО бара изземање и на судијата што треба да одлучува за притворот за случајот „Трезор“

Специјалното јавно обвинителство побара изземање на судијата на претходна постапка што треба да одлучува за мерките за претпазливост на осомничените во случајот „Трезор“, информираат од Основниот суд Скопје 1. „Претседателот на Основен суд Скопје 1 во рок од три дена треба да одлучи по барањето за изземање на судијата, што е трето по ред барање за изземање судии од страна на...

СЈО денеска со детали за новата истрага „Трезор“

Специјалното јавно обвинителство отворило нова истрага која носи работен назив „Трезор“ и за која детали ќе соопштат денеска на прес-конференција во 10 часот. – Ве известуваме дека утре, со почеток во 10 часот, во просториите на ова јавно обвинителство ќе се одржи прес-конференција на која ќе биде презентирана новата истрага, која носи работен назив „Трезор“ – информираа вчера од СЈО. На...

СЈО повторно ги достави доказите и побара изземање на судијката

Специјалното јавно обвинителство денеска повторно ги достави доказите за случајот со фалсификување на документите поврзани со уништување опремата за прислушување во УБК до Основен суд Скопје 1, а кои вчера беа им вратени како нецелосни. СЈО поднесе и барање за изземање на судијката, бидејќи постојат околности кои предизвикуваат сомневање во нејзината непристрасност при донесување одлука и затоа што истата судијка се споменува во...

СЈО денеска поднело два обвинителни предлози

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска до Основниот суд Скопје 1 поднело два обвинителни предлози, пишува во најновиот извештај на СЈО, кој обвинителите денеска ќе го презентираат пред новинарите и за кој постои голем интерес. Истиот извештај СЈО денеска треба да го достави до Собранието и до Советот на јавни обвинители. Во извештајот не се кажува кои се предметите за кои Обвинителството...

Зад затворени врати продолжува судскиот процес за „Диво Насеље“

По пауза од еден месец, денеска во големата сала на Врховниот суд продолжува судскиот процес за настаните во Диво Насеље, Куманово, од 9 и 10 мај минатата година. Денешното рочиште, како и претходните неколку, е затворено за јавност, бидејќи сè уште се сослушуваат заштитени сведоци предложени од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. И денеска, како што е вообичаено...

Демократскиот сојуз бара ново судење на обвинетите во случајот „Шпион“

Демократскиот сојуз бара повторно судење на 18 обвинети во случајот „Шпион“, бидејќи на тој начин, како што велат од партијата, ќе можат да се преоценат доказите и обвинувањата во целина. „Специјалното јавно обвинителство (СЈО) го презеде случајот „Шпион“ и сигурно за тоа има и правна основа, но и цврсти докази и сомнежи дека Јавното обвинителство или судот направиле повреда на...

СЈО од денеска ќе работи во новите простории

Специјалното јавно обвинителство од денеска и официјално ќе ги продолжи истрагите за случаите поврзани со незаконското прислушување во новите простории на улицата Франклин Рузвелт. Утрово пред новата зграда на СЈО забележително е засилено полициско обезбедување, што не беше карактеристично за канцелариите на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов. Во фоајето на објектот забележлива е фрекфенција на луѓе вработени во СЈО, а пред зградата...

Поднесено обвинение против возачите на „аудито“ и на автобусот за сообраќајката кај Удово

Гевгелиското Основно јавно обвинителство до судот доставило обвинителен предлог против две лица, кои се товарат за предизвикување на сообраќајната несреќа што на 3 август се случи на патот Удово - Демир Капија, а во која животите ги загуби брачен пар, а нивниот 7-годишен син беше тешко повреден, соопштија денеска од Јавното обвинителство. Според Обвинителството, за несреќата обвинети се српскиот државјанин...

Превозниците од „Транспортер“ не сопреа, туку тераат по старо, па и уште побрзо (1)

Специјалното јавно обвинителство има нови докази во случајот со превоз на ученици, „Транспортер“, во кој првоосомничен е градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески, брифираат од ова обвинителство за „Мета“. Според информациите до кои дојдовме, СЈО има испратено триесетина нови барања за увид во документацијата во училиштата во Битола, Министерството за финансии, осомничените превозници... Најголемите манипулации, според СЈО, се правени со тендерите...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...