fbpx
Таг: обвинети

таг: обвинети

Судењето за настаните во Диво Насеље ќе паузира еден месец

Судскиот процес за настаните во Диво Насеље, Кумановско, од 9 и од 10 мај минатата година, ќе има пауза од околу еден месец, а следното рочиште е закажно за 6 септември, велат за „Мета“ од Кривичниот суд. И следното рочиште, како што информираат од судот, ќе биде затворено за јавноста и нема да им биде дозволено на новинарите да го...

Судот го одобри обвинението против тројцата лекари за смртта на родилката од Гевгелија

Јавното обвинителство денеска соопшти дека велешкиот суд  го одобрил обвинителниот акт што обвинителството на почетокот на мај го поднесе против анестезиологот и двајцата гинеколози, кои се товарат за смртта на родилката од Гевгелија, која почина на крајот на октомври минатата година, неколку часа по породувањето. „Обвинението беше поднесено поради нивно несовесно постапување на 22 октомври 2015 година, при породување на...

СЈО е подготвено да се произнесе за „Шпион“, седницата на Апелација повторно одложена

Јавната седница во Апелацискиот суд за случајот „Шпион“, на која денеска требаше да се разгледуваат жалбите на обвинетите, повторно беше одложена. Судијката Љиљана Ивaновска-Шопова, која претседавата со Советот, денеска, како што пренесува „Академик“, прочитала известување од Специјалното јавно обвинителство, кое ја презеде надлежноста врз предметот, во кое било наведено дека тие се подготвени да се произнесат за предметот, но...

Пет лица од Косово осудени за тероризам

Косовскиот суд им одреди затворска казна на пет лица поради тероризам. Казните се движат од четири до 13 години затвор, а досудени се поради учество во Исламска држава. „Нивната цел била да положат заклетва на терористичката организација Исламска држава и да објават на интернет за да се покаже присуство на Исламската држава на Косово“, се наведува во пресудата на судот. На...

Итната помош дала „виза“ за рочиште за „Диво Насеље“, обвинетите немале повреди од ќотек

Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжи главната расправа од судскиот процес за настаните во Диво Насеље во Куманово, од 9 и од 10 мај минатата година, и покрај интервенцијата на екипа на Итната помош, која била повикана откако шестмина обвинети се пожалиле на здравстени проблеми и на повреди, кои, наводно, ги добиле при транспортот од затворите каде издржуваат притвор. Поради...

Седуммина обвинети во случајот „Чекан“ осудени на вкупно 53 години 6 месеци затвор

Кривичниот суд во Скопје на седуммина од обвинетите во случајот „Чекан“ им одредил вкупна затворска казна од 53 години и 6 месеци, соопшти денеска Јавното обвинителство. Полициската акција „Чекан“ беше спроведена во декември минатата година, во Гостиварско, а обвинетите се товареа за кривичните дела лихварство и изнуда. Највисоки казни, како што информираат од Обвинителството, им се изречени на Ф.А. и Ф.М....

Кривичниот суд има 477 стари нерешени предмети, најстариот е од 1998 година

Во Основниот суд Скопје 1, во одделите за кривично полнолетни, кривично малолетни и Одделението за организиран криминал и корупција, има вкупно 477 стари нерешени предмети, постари од две години, а најстариот е од 1998 година, покажала последната анализа направена во јуни годинава, соопштија денеска од судот. Судии од Апелацискиот суд, кои на почетокот на април биле во посета на првостепениот суд, утврдиле...

Командантот на „Алфи“ на распит во Основниот суд Скопје 1

Командантот на специјалната единица „Алфи“, Ивица Антевски - Пуки, и уште петмина осомничени за нечовечко апсење на поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, денеска треба да дојдат на распит во Основниот суд Скопје 1. Случајот „Тортура“ го отвори Специјалното јавно обвинителство, а првоосомничен во овој случај е поранешниот директор на Управата за безбедност...

Поднесено обвинение за физичкиот напад врз Тодор Петров

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Кривичниот суд поднело обвинителен предлог против три лица кои се товарат за физичкиот напад врз претседателот на Светскиот македонски конгрес (СМК), Тодор Петров. Инцидентот се случи на 27 февруари годинава, по церемонијата на осветување на темелите на 55-метарскиот крст кој треба да биде поставен во општината Бутел. Како што информираат од Јавното обвинителство, обвинетите...

Обвинет во „Диво Насеље“: Специјалци ме удираа и ме газеа

На денешното рочиште за случајот „Диво Насеље“ се читаа исказите на сведоците дадени пред спојувањето на предметот „Молња“ со овој случај. Пред почетокот на рочиштето, еден од обвинетите се пожали дека бил малтретиран од припадници на специјалните единици. - Ме газеа и ме удираа од специјалната единица и шест пати ми ги креваа рацете одзади - рече обвинетиот. Судијаката Верка Петковска...

Поднесени обвиненија против девет лица поради трговија со марихуана

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднело обвиненија против деветчлена група, која се товари за производство и за трговија со марихуана, соопшти денеска Јавното обвинителство. Како што информираат оттаму, против шест лица е поднесен обвинителен акт за кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и прекурсори, додека против инспектор од СВР Битола, јавен...

Обвинети во „Диво Насеље“: Трагедијата во Куманово има архитект

Трагедијата што се случи во Куманово на 9 мај минатата година има архитект и сето тоа е направено за пари, изјави на денешното рочиште за „Диво Насеље“, обвинетиот Деме Шеху, дополнувајќи ги воведните зборови на својот адвокат. Тој додаде дека тие во населбата биле шест дена и за тоа време, како што рече, ниту Албанци, ниту Македонци не се пожалиле...

Струшкото обвинителство поднесе обвинение против две лица за убиство

Основното јавно обвинителство - Струга поднело обвинение против Б.Б. и Е.Б., кои се товарат за убиство, кое се случи во декември минатата година на локалниот пат Струга - Долна Белица. „По спроведена сеопфатна истражна постапка, Основното јавно обвинителство Струга поднесе обвинение против две лица. Обвинетите Б.Б и Е.Б се товарат за сторени кривични дела убиство од член 123 и недозволено изработување, држење...

Уапсени 135 лица во Кина поради шверц на вакцини

Кинеските власти уапсиле 135 лица во 22 провинции поради илегална трговија со вакцини, јавуваат светските агенции. Државното обвинителство на Кина вчера објавило соопштение во кое било наведено дека е издаден налог за апсење на 125 лица, кои без дозвола тргувале со вакцини. Поради несовесно извршување на должноста биле уапсени уште 10 здравствени работници. Во соопштението на обвинителство било наведено дека обвинетите...

Условна казна за демонстрант поради демолирањето на канцеларијата на Иванов

Кривичниот суд денеска на студентот Борјан Ефтимов, кој е еден од демонстрантите обвинети за демолирањето на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, му изрече условна казна од три месеци доколку во рок од една година не стори друго кривично дело. Пресудата, како што пренесува „Академик.мк“, е донесена откако Ефтимов ја признал вината за кривичното дело учество во толпа што ќе...

Петмината обвинети во случајот „Ќелија“ осудени на вкупно 15 години и 7 месеци затвор

Основниот суд Скопје 1 денеска ја објави пресудата за петмината обвинети во случајот „Ќелија“, откако тие на рочиштето, кое се одржа во понеделникот ја признаа вината за кривичните дела за кои беа обвинети, односно за регрутирање на лица и учество во паравоени формации на воените жаришта на Блискиот Исток. Како што соопштија од Кривичниот суд, со пресудата петмината обвинети се...

Сите обвинети во случајот „Ќелија“ ја признаа вината

На денешното рочиште за случајот „Ќелија“, во Основниот суд Скопје 1, уште петмина обвинети ја признаа вината за кривичните дела за кои се обвинети, односно за регрутирање и за учество во паравоени формации во воените жаришта на Блискиот Исток, пренесува „Телма“. Со ова, практично, сите обвинети во овој случај се изјаснија за виновни. На претходното рочиште, пред две недели, дел од...

Во Австралија уапсени пет лица затоа што планирале да се приклучат на ИД

Власта во Австралија денеска поднесе обвиненија против петмина Австралијци кои се товарат дека планирале да се приклучат на Исламската држава. Лицата официјално се обвинети за планирање влез во странска држава и приклучување кон акти на насилство. За ова обвинетите можат да бидат осудени на доживотен затвор. Медиумите во Австралија објавуваат дека лицата се на возраст од 21 до 31 година и...

Одложена јавната седница за случајот „Шпион“

Јавната седница во Апелацискиот суд за случајот „Шпион“ повторно беше одложена бидејќи дел од обвинетите не беа присутни во судницата, а немаше ниту јавен обвинител од Специјалното јавно обвинителство, кое го презеде случајот. Судијката Љиљана Ивановска-Шопова соопшти дека на 11 мај добиле писмено известување од СЈО дека нема да присуствуваат на денешната јавна седница бидејќи предметот сè уште им е во...

Поднесено обвинение против тројца лекари за смртта на родилката од Гевгелија

Основното јавно обвинителство Велес денеска до судот во Велес поднело обвинение против анестезиолог и двајца лекари специјалисти по гинеколигија за смртта на родилката од Гевгелија, соопшти Јавното обвинителство. Како што информираат од Обвинителството, станува збор за Т.В. - анестезиолог во Општата болница во Гевгелија, В.Ч. и Д.М., двајцата лекари специјалисти по гинеколгија и акушерство во болницата, кои се товрат за...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...