Поднесено обвинение против тројца лекари за смртта на родилката од Гевгелија

-

Основното јавно обвинителство Велес денеска до судот во Велес поднело обвинение против анестезиолог и двајца лекари специјалисти по гинеколигија за смртта на родилката од Гевгелија, соопшти Јавното обвинителство.

Како што информираат од Обвинителството, станува збор за Т.В. – анестезиолог во Општата болница во Гевгелија, В.Ч. и Д.М., двајцата лекари специјалисти по гинеколгија и акушерство во болницата, кои се товрат за тешки дела против здравјето на луѓето.

Обвинителството, се наведува во соопштението, донело наредба за запирање на истражната постапка против четвртоосомниченото лице, кое во меѓувреме починало.

Според обвинителниот акт, откако обвинетиот В.Ч. ја повикал родилката да се јави на преглед на 22 октомври минатата година, ѝ соопштил дека вечерта истиот ден ќе изведе царски рез за нејзино породување иако по извршените контролни прегледи не постоела ниту една клиничка индикација за породување, а веројатниот термин за породување бил 2 ноември.

„Во закажаниот термин медицинскиот тим не бил комплетиран поради едночасовно доцнење на обвинетиот Т.В., кој пристигнал во видливо алкохолизирана состојба. И покрај ваквиот тек на настанот, обвинетите В.Ч и Д.М. не предложиле одложување на зафатот. Обвинетиот Т.В. безуспешно се обидувал пациентката да ја воведе во анестезија со интубација, по што го повикал на помош својот колега – сега покојниот З.Ј., кој, исто така, бил во алкохолизирана состојба, и направил неколку неуспешни обиди за интубација. Спротивно на упатството за безбедна хирургија на СЗО, во согласност со кое предвидениот број обиди за интубација не треба да биде поголем од три, ниту да трае подолго од 10 минути, во случајот постапката траела речиси 30 минути, поради што смртта настапила како последица од задушување“, стои во соопштението на Обвинителството.

По обидите за реанимација на родилката, се додава во соопштението, обвинетите В.Ч. и Д.М. направиле царски рез и го извадиле бебето, кое по обидите за реанимација од Т.В., по десетина минути од породувањето починало.

„Со овие дејства, обвинетите, иако биле свесни дека нивното постапување може да предизвика штетна последица, се согласиле со истата и воопшто несовесно постапиле при укажување лекарска помош при процесот на породување. Со тоа предизвикале влошување на здравствената состојба кај родилката што резултирало со смртен исход на сега покојната и на новороденчето“, велат од Обвинителството.

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го прави истото,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го...