fbpx

Грабар-Китаровиќ исвиркана за време на говорот за слобода на медиумите

-

Хрватската претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ, денеска била исвиркана на видеоконференцијата за слобода на медиумите и за проверка на факти, во која се вклучени 16 земји од цел свет. Конференцијата преку видеолинк била организирана во просториите на Хрватското новинарско здружение, во соработка со Амбасадата на САД.

Токму за време на говорот на претседателката Грабар-Китаровиќ, дел од активистите на Работничкиот фронт подигнале натпис на кој на англиски било испишано „Хрватската влада ги убива медиумите“. Некои од новинарите и од активистите, откако ја исвиркале претседателката, ја напуштиле салата каде се одржувала конференцијата.

По повод 3 мај, Светскиот ден на слободата на медиумите, Хрватското новинарско здружение организирало конференција „Проблеми со медиумската слобода во Европа“, во соработка со Фондацијата „Фридрих Еберт“ и со амбасадите на Франција, Норвешка и на Шведска. На конференцијата говорела и хрватската претседателка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...