fbpx

Наумов: Клиентите на домашниот пазар полека креваат сопирачка

-

„Банките кои заклучно со март 2016 година се сопственици на 46,46 отсто од недостасаните државни хартии од вредност полека ја креваат сопирачката. На денешната аукција на државни записи и обврзници, Министерството за финансии не успеа да ја запише сумата што ја побаруваше врз основа на проспектите објавени на 26 април 2016 година. Станува јасно зошто каматите беа зголемени за повеќе од 60 отсто во последните 365 дена“, се вели во соопштението на дополнителниот заменик-министер во оставка, Кире Наумов, за денешната аукција на државни хартии од вредност.

Во него, исто така, се вели дека „јавните финансии ни одблиску не се во состојба каква креаторите на економските политики очајно се трудат да ја прикажат на граѓаните“.

– Под притисокот од стручната јавност и од опозицијата, а секако и поради сопствените проценки, клиентите на домашниот пазар полека се повлекуваат од запишувањето на државни хартии од вредност, а со тоа се зауздува и галопирачкото темпо на јавниот долг, кој заклучно со март 2016 година изнесува 4,33 милијарди евра, односно 47,2 отсто од домашниот бруто-производ, доколку би се пресметувал според методологијата прифатена во земјите на Европската Унија – се додава во соопштението.

Наумов уште еднаш ги потсети клиентите на домашниот пазар дека ниедна одлука во Министерството за финансии нема согласност од него, а и постапката пред Управниот суд за задолжувањата на домашниот пазар сè уште не е завршена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...