fbpx

Командантот на „Алфи“ на распит во Основниот суд Скопје 1

-

Командантот на специјалната единица „Алфи“, Ивица Антевски – Пуки, и уште петмина осомничени за нечовечко апсење на поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, денеска треба да дојдат на распит во Основниот суд Скопје 1.

Случајот „Тортура“ го отвори Специјалното јавно обвинителство, а првоосомничен во овој случај е поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков.

Единствено за него СЈО не бара притвор или други мерки за претпазливост со образложение дека не постои опасност од бегство, а за другите шестмина осомничени кои се вработени во Министерството за внатрешни работи поднесен е предлог за определување мерка на претпазливост – забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

Како што соопшти СЈО, апсењето на Бошкоски го водел Мијалков, а Антевски издал наредба за начинот и реализацијата на апсењето. Другите припадници на специјалната единица употребиле прекумерна сила при апсењето на Бошкоски.

Лидерот на Обединети за Македонија беше уапсен за нелегално финансирање на изборна кампања и беше фатен како од одредено лице зема пари за финанасирање на неговата кампања.

За овој случај Бошкоски беше осуден на пет години затвор, кои веќе ги одлежа и сега е на слобода.

Бошкоски е обвинет и во случајот „Ровер“ за вмешаност во убиството на Марјан Тушевски и на Киро Јанев од 2001 година, кога беше министер за внатрешни работи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...