fbpx

ОЈО поднесе обвинение против шест лица од „Еразмус“, за едно постапката е запрена

-

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информира дека денеска до Основниот суд Скопје 1 поднесе обвинителен акт против шест лица осомничени во предметот „Еразмус“. ОЈО ја запрело истражната постапка за Т.Ф., ценејќи дека нема докази што потврдуваат дека осомничениот го сторил кривичното дело.

„Обвинителството ги товари обвинетите врз основа на докази што го потврдуваат основаното сомневање дека повеќепати во подолг временски период, односно во текот на 2015 и 2016 година, како лица вработени на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, искористувајќи ја својата положба, сториле кривични дела. Обвинетите Б.Ш. и С.Р. се товарат за примање поткуп од чл.357, ст.1, лицето Д.Ј. се обвинува дека примало поткуп, односно сторило кривично дело од чл.357, ст.1, и примило награда за противзаконито влијание од чл.359, ст.2 од Кривичниот законик. Обвинетите Љ.Ј. и С.Д. се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353, ст.1 од Кривичниот законик. Со обвинителниот акт се обвинува и лицето Д.Д. за три кривични дела давање поткуп од чл.358, ст.1 од Кривичниот законик, стои во соопштението.

Кога беше изведена акцијата „Еразмус“, медиумите пишуваа дека зад иницијалите Т.Ф. стои академик Таки Фити, актуелен претседател на МАНУ и поранешен министер за финансии во владата на СДСМ од 1996 до 1998 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...