fbpx

Поднесено обвинение против возачите на „аудито“ и на автобусот за сообраќајката кај Удово

-

Гевгелиското Основно јавно обвинителство до судот доставило обвинителен предлог против две лица, кои се товарат за предизвикување на сообраќајната несреќа што на 3 август се случи на патот Удово – Демир Капија, а во која животите ги загуби брачен пар, а нивниот 7-годишен син беше тешко повреден, соопштија денеска од Јавното обвинителство.

Според Обвинителството, за несреќата обвинети се српскиот државјанин Д.С., кој бил зад воланот на автомобилот, марка „ауди а4“ и возачот на автобусот на „Струмица експрес“ 60-годишниот Ѓ.В. Во несреќата беше повредена и германска државјанка, која била сопатничка во „аудито“.

Обвинетите се товарат за кривичното дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 од Кривичниот законик.

„Според обвинителниот предлог, првообвинетиот, српскиот државјанин Д.С. се товари дека не се придржувал кон прописите на Законот за безбедност во сообраќајот и со брзина поголема од дозволената, презел дејствие претекнување на место на кое тоа не е дозволено, па преминал во спротивна коловозна лента. Второобвинетиот, македонскиот државјанин Ѓ.В., обвинението го товари дека исто така во критичниот момент се движел со брзина поголема од дозволената. Во обид да избегне директен судир со првообвинетиот тој најпрвин автобусот го насочил кон десно и подзапрел. Откако забележал дека првообвинетиот не се враќа во својата коловозна лента, истиот забрзал и го насочил автобусот кон лево, при што сепак дошло до судир меѓу двете возила. По ударот возилото ‘ауди’ се изротирало и удрило во бетонски рабник покрај патот. Во критичниот момент, автобусот не успеал да се врати во својата коловозна лента ниту да запре и удрил во возилото на оштетениот Н.П., кој прописно се движел по коловозот“, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Оттаму информираат дека обвинителниот предлог е заснован на вештачењето на трагите и материјалните докази пронајдени на лице место, како и на исказите дадени од сослушаните лица, учесници во сообраќајната несреќа и очевидци.

„Заедно со обвинението, Основното јавно обвинителство Гевгелија за Д.С. до судот достави и предлог за продолжување на мерката притвор, додека за Ѓ.В. достави предлог за продолжување на времетраењето на определените мерки за претпазливост“, се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...