fbpx

Кина: Повеќе од 20 загинати во експлозија во фабрика за хемикалии

-

Најмалку 21 лица денеска загина во експлозија во фабрика за хемикалии во централна Кина, соопшти државната телевизија „Си-си-ти-ви“.

Според засега достапните податоци, пет лица се повредени во инцидентот во Дангијанг, во централната провинција Хубеи.

Кинеските хемиски фабрики имаат ниска стапка на заштита од незгоди, поради што има чести несреќи. Хемиската експлозија во пристанишниот град Тијанин минатата година во август усмрти 165 лица. Властите соопштија дека експлозијата била последица на несоодветно или илегално складирани материјали.

По несреќата вкупно 49 лица беа притворени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.