понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Обединети нации | 286 резултати

Алепо целосно отсечен, не стигнува хуманитарната помош

јули 12, 2016

Поради интензивните борби меѓу сириските владини сили и бунтовниците околу градот Алепо, прекинат е единствениот пат по кој се доставува хуманитарната помош во тој дел на градот, потврди портпаролката на Обединетите нации, Александра Велучи. Како што рече Велучи, преминот, познат како патот Кастело, е единствен пристап до Алепо и непрооден е од минатата недела, кога […]

ОН: Повеќе од 700 медицински работници се убиени во Сирија

јуни 22, 2016

Повеќе од 700 доктори и медицински работници се убиени во Сирија од почнувањето на војната во 2011 година, а голем број деца се регрутирани во редовите на Исламска држава, соопштија од Обединетите нации. Претседателот на Независната меѓународна комисија за истраги во Сирија при ОН, Пауло Пинјеиро, ги осуди нападите на болници и на клиники, кои, […]

Бан Ки-мун во Атина ги слушна грчките ставови за спорот за името

јуни 18, 2016

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, денеска во Атина разговараше со грчкиот државен врв за бегалската криза, спорот за името и за кипарското прашање. Бан Ки-мун утрово се сретна со премиерот Алексис Ципрас, со кој се фокусираше на бегалската криза, додека на пладневната средба со шефот на дипломатијата, Никос Коѕиас, генералниот секретар дискутираше за македонско-грчкиот […]

ОН: Во светот годишно се фрла храна во вредност од 940 милијарди долари

јуни 6, 2016

Околу една третина од вкупното количество храна во светот се расипува или се фрла додека се транспортира од местото на кое е произведена до местото каде што се консумира, а чијашто вредност е до 940 милијарди долари на глобално ниво, проценува Организацијата за храна и земјоделство на Обединети нации. Новиот глобален стандард за мерење на загубите […]

Преговарачот на сириската опозиција поднесе оставка

мај 30, 2016

Главниот преговорач на сириската опозиција Мухамед Алуш поднесе оставка поради неуспехот на мировните преговори под покровителство на Обединетите нации. Тој оцени дека преговорите не донеле политичко решение, ниту, пак, придонеле за намалување на страдањата на населението во опколените градови од страна на сириската војска. Засега нема одредено датум кога би продолжиле преговорите што во април […]

Иванов утре на самит во Турција

мај 22, 2016

Претседателот на државата Ѓорге Иванов утре и задутре ќе престојува во работна посета на Турција, каде ќе учествува на Светскиот хуманитарен самит што се одржува во Истанбул, во организација на Обединетите нации, соопштуваат од кабинетот на Иванов. „Во рамки на Светскиот хуманитарен самит, кој се одржува по прв пат, претседателот Иванов ќе има свое обраќање […]

САД се подготвени да ја вооружат либиската влада

мај 16, 2016

Соединетите Американски Држави (САД) и други светски сили се подготвени да ја вооружат либиската влада на национално единство, која ја има поддршката на Обединетите нации, како помош во борбата против Исламска држава (ИД), јавува „Би-би-си“. Објавувајќи го планот на меѓународниот министерски состанок во Виена, државниот секретар на САД, Џон Кери, изјавил дека светските сили ќе […]

Април 2016 година – нов глобален температурен рекорд

мај 16, 2016

Температурата во април годинава на глобално ниво била повисока за 0,25 Целзиусови степени од онаа измерена истиот месец во 2010 година, што е нов глобален температурен рекорд, покажуваат податоците на американската агенција за аеронаутика и вселена – НАСА. Со ова, како што пренесува „Би-би-си“, април е седмиот месец по ред што ги урива досегашните глобални температурни […]

Денеска во Виена меѓународен министерски состанок за либиската криза

мај 16, 2016

Во главниот град на Австрија, Виена, денеска се одржува меѓународен министерски состанок за решaвање на кризата во Либија, а на кој, како што е соопштено, учествуваат клучните земји од тој регион и најважните меѓународни дипломати. Американскиот Стеј департмент соопшти дека со состанокот ќе претседаваат САД и Италија и дека на него ќе се води расправа […]

ОН: Бегалската криза е глобален проблем кој бара глобално решение

мај 16, 2016

Бегалците и барателите на азил се глобален феномен кој бара одговор на глобално ниво, изјавил за „Би-би-си“ високиот комесар за бегалци на Обединетите нации (ОН), Филипо Гранди. Гранди, кој должноста висок комесар за бегалци ја презеде во јануари годинава, вели дека повеќе земји треба да им помогнат на неколку држави кои го носат товарот од […]

Жестоки судири меѓу бунтовниците и владините сили во Алепо

мај 4, 2016

Жестоки судири избувнале денеска во сирискиот град Алепо по голема офанзива на бунтовничките групи, јавуваат светските агенции. Офанзивата била поведена од коалицијата на опозициските групи, кои под името Фатах халаб се борат против силите лојални на сирискиот претседател Бараш ал-Асад. Сириската опсерваторија за човекови права, како што пренесуваат агенциите, соопштила дека денешните судири се најжестоки […]

Бан Ки-мун повика на заштита на слободните и независни медиуми

мај 3, 2016

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, денеска изрази загриженост поради сè поголемите рестрикции со кои се соочуваат медиумските работници во многу земји и ги повика владите, политичарите, бизнисмените и граѓаните да се обврзат дека ќе ги чуваат и ќе ги штитат независните и слободните медиуми. „Ограничувањата на слободите на изразување ставаат окови на самиот напредок“, […]

Ситуацијата во сирискиот град Алепо е катастрофална, предупредуваат ОН

април 28, 2016

Ситуацијата во сирискиот град Алепо е катастрофална откако десетици луѓе беа убиени во напади на повеќе цели, вклучувајќи и болница, соопштија денеска Обединетите нации (ОН). Како што соопштија денеска од организацијата „Лекари без граници“, во напад на болница во Алепо биле убиени најмалку 27 лица, додека во други напади животите ги загубиле повеќе од 30 […]

Бан Ки-мун повика на прекин на нуклеарните проби

април 27, 2016

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, ги повика САД, Кина и другите нуклеарни сили да го прекинат „лудилото“ со нуклеарни проби, така што ќе ја ратификуваат Спогодбата за забрана на нуклеарни проби, која годинава навршува 20 години. Со договорот за забрана на нуклеарни проби, кој е ставен на потпишување во септември 1996 години, се […]

Рекорден број земји го потпишаа Парискиот договор за климатски промени

април 23, 2016

Во седиштето на Обединети нации во Њујорк, лидерите и претставниците на 175 земји го потпишаа Парискиот договор за ограничување на порастот на глобалната температура. Парискиот договор беше усвоен во декември 2015 година и е прв чекор кон обврзување на земјите во реализација на ветувањето за намалување на ефектот од стаклената градина. Генералниот секретар на Обединетите нации, […]

ОН: Бегалците во „Винојуг“ и во Табановце живеат како во притвор и во мизерни услови

април 20, 2016

Околу 1.000 мигранти и бегалци, кои се сместени во транзитните центри „Винојуг“ и на Табановце, како и во центарот за азил во Скопје, од кои половината се деца, живеат во многу лоши и примитивни услови, со неквалитетна храна и со ограничена слобода на движење, велат агенциите на Обединетите нации. „Агенциите на Обединетите нации се сериозно […]

САД: Дамаск не дозволува достава на хуманитарна помош

април 6, 2016

Американските власти го обвинија официјален Дамаск дека го спречува доставувањето хуманитарна помош до загрозените и до тешко пристапните места во Сирија, како што се предвидува со резолуцијата на ОН. – Жителите на загрозените и тешко пристапни реони минатиот месец добија помалку храна отколку во февруари. Ги повикавме сите што имаат влијание врз сириската влада да реагираат, […]

ОН: 33 загинати и 200 ранети во Нагорно Карабах

април 4, 2016

Триесет и три лица загинаа, а повеќе од 200 се повредени во судирите што завчера избија во Нагорно Карабах, соопшти Управата за координирање хуманитарни прашања на Обединетите нации. „Според официјални извори од Ерменија и од Азербејџан, најмалку 30 војници и тројца цивили загинале во борбите. Бројот на повредените лица сè уште не е официјално потврден, но […]

САД и Кина потврдија дека ќе го потпишат договорот за климатските промени од Париз

март 31, 2016

Соединетите Американски Држави (САД) и Кина издадоа заедничка изјава со која двете земји потврдуваат дека следниот месец ќе го потпишат договорот за климатските примени постигнат на конференцијата во Париз во декември, минатата година. Како што пренесува „Би-би-си“, двете земји се обврзале да преземат мерки, неопходни за приклучување кон договорот што е можно поскоро. Истовремено САД […]

Асад ги повика ОН да помогнат во обновата на Палмира

март 30, 2016

Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска ги повика ОН и останатите меѓународни организации да и помогнат на Сирија во обнова на Палмира, откако државните сили ја потиснаа Исламска држава (ИД) од овој древен град. Државната агенција САНА јавува дека Асад го упати апелот во порака до генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун. Сирискиот претседател му […]

Страна 12 од 15