fbpx

ОН бараат ослободување на Асанж, Лондон и Стокхолм го отфрлија барањето

-

Работната група на независни експерти на ОН денеска соопшти дека основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, треба да биде ослободен и да му се плати оштета затоа што е „арбитражно затворен“ во амбасадата на Еквадор во Лондон.

Асанж (44), кој се соочува со екстрадиција во Шведска поради обвинение за силување, побара азил во амбасадата на Еквадор во Лондон во 2012 година.

– Работната група за арбитражен притвор ги разгледува различните форми на скратување на слободите на кои е подложен Џулијан Асанж, што претставува арбитражен притвор – рече шефот на оваа група, Сеонг-Фил Хонг.

Тој додаде дека мора да се стави крај на притворот, да се почитува физичкиот интегритет и слободата на движење на Асанж и оти мора да му се даде право на компензација. Тој тврди дека Асанж е притворен затоа што се соочува со апсење доколку ја напушти зградата на амбасадата.

Истовремено, шведската влада денеска ги отфрли заклучоците на работната група на ОН дека основачот на „Викиликс“ е „незаконски притворен во амбасадата на Еквадор во Лондон“.

Владата на Шведска соопшти дека Асанж избрал да престојува во амбасадата на Еквадор.

„Шведските власти немаат контрола над неговата одлука за престој во зградата на амбасадата. Асанж е слободен да ја напушти амбасадата кога ќе посака“, стои во соопштението на Владата.

– Тоа ништо не менува. Целосно ги отфрламе тврдењата дека Асанж е жртва на арбитражен притвор. Ние формално ќе го оспориме мислењето на работната група на ОН – рече денеска портпаролот на шведската влада.

Обвинителството во Шведска соопшти дека одлуката на независните експерти на ОН нема да има формални влијание на неговата истрага, а полицијата на Британија наведува дека Асанж ќе биде уапсен ако излезе.

Асанж во септември 2014 година се обрати до ОН тврдејќи дека „арбитражно притворен“ затоа што не може да излезе, а да не го уапсат.

Во неговата тужба против Британија и Шведска се наведува дека „му е скратена слободата на арбитражен начин на неприфатлив временски рок“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

АНАЛИЗА: Младите во партиските програми за парламентарните избори

Додека земјава се подготвува за парламентарните и вториот круг од претседателските избори кои се закажани за 8 мај (среда), во центарот на обликувањето на политичката агенда, повеќе или помалку,...