Јапонскиот парламент ја осуди одлуката на Северна Кореја да лансира ракета со долг домет и го повика Пјонгјанг да престане со таквите активности.
Во резолуцијата, која парламентот едногласно ја усвои, се наведува дека станува збор за сериозна провокација што го загрозува мирот во светот.
Јапонските парламентарци го повикаа Советот за безбедност на ОН да воведе нови санкции кон Северна Кореја. Јапонскиот премиер Шинѕо Абе, исто така, побара од владата на Јапонија да воведе санкции кон Северна Кореја.
Одлуката Северна Кореја во неделата да испали ракета со долг дострел за, како што истакна Пјонгјанг, лансирање сателит во вселената, наиде на остра осуда во светската јавност. Одредени земји се залагаат за поставување ракетен одбранбен систем на Корејскиот Полуостров, сметајќи дека севернокорејските ракети можат да носат нуклеарни боеви глави.
Популарно
Јапонија бара санкции за Северна Кореја
-
