недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Северна Кореја | 145 резултати

Северна Кореја почна да произведува дронови со техничка помош од Русија

февруари 9, 2025

Северна Кореја од вчера почна производство на дронови со техничка помош од Русија, јави Јапонскиот јавен сервис (НХК) повикувајќи се на неименувани извори. „Договорот овозможува Северна Кореја да развие и масовно производство на неколку видови дронови во координација со Русија“, јави НХК. Според неименувани извори, иницијативата за производство на беспилотни летала најверојатно претставува остварување на […]

Украинската безбедносна служба испрашува двајца севернокорејски војници

јануари 13, 2025

Украинската служба за безбедност продолжува да испрашува двајца севернокорејски војници заробени како воени заробеници во регионот Курск. Украинскиот претседател Володомир Зеленски нуди размена на затвореници ако Ким Џонг Ун помогне во враќањето на украинските затвореници од Русија, пренесува „Политико“. Како што се наведува, украинската служба за безбедност продолжува да испрашува двајца севернокорејски војници заробени како […]

Украина објави дека заробила севернокорејци што се борат за Русија

јануари 11, 2025

Двајца ранети севернокорејски војници се заробени како воени заробеници од украинските војници во руската Курска област, изјави денеска претседателот Володимир Зеленски. Двајцата мажи добиле неопходна медицинска помош и се во притвор на Службата за безбедност на Украина (СБУ) во Киев. Претседателот рече дека им е благодарен на украинските падобранци и војниците од силите за специјални […]

Украина е во состојба на готовност, руските трупи се собираат во близина на Курск

ноември 11, 2024

Русија се обидува да ги тргне украинските сили од нејзиниот западен регион Курск со десетици илјади војници, изјави денеска највисокиот командант на Украина, во време кога офанзивата на источната страна продолжува, пренесува „Ројтерс“. Коментарот на генерал Олександр Сирскиј дојде еден ден откако Њујорк тајмс објави дека Москва собрала 50.000 вoјници, вклучително и војници од Северна […]

Поплави во Северна Кореја, Ким прогласи вонредна состојба

јули 29, 2024

Поплави ја зафатија Северна Кореја, оставајќи илјадници граѓани отсечени. Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун прогласи вонредна состојба, пренесува Би-би-си. Градот Синуиџу и областа Уиџу, кои се наоѓаат на граница со Кина, претрпеа најмногу штета – се ширеа слики од потопени земјишта и домови. Државните севернокорејски медиуми известија дека спасувале луѓе по воздушен пат, […]

Путин ја предупреди Јужна Кореја да не ја снабдува Украина со оружја

јуни 21, 2024

Рускиот претседател Владимир Путин ја предупреди Јужна Кореја да не ја снабдува Украина со оружја, велејќи дека таа би направила „голема грешка“ доколку тоа го стори, пренесува Би-би-си. Изјавата на Путин доаѓа откако јужнокорејската власт соопшти дека го отвора прашањето на доставувањето оружја на Украина, како одговор на договорот потпишан меѓу на Русија и Северна […]

Срдечен пречек на Путин во Северна Кореја – Ким ја поддржа руската „специјална операција“ во Украина

јуни 19, 2024

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Северна Кореја во официјална посета на земјата. Ким Џонг Ун, лидерот на Северна Кореја, му посака добредојде на рускиот лидер, кој беше пречекан со севернокорејски и руски знамиња, како и толпа од стотици посетители, пренесува Гардијан. Двајцата лидери потпишаа договор за стратешка соработка меѓу двете земји. Ким изразил и […]

Тинејџери од С. Кореја осудени на тешка физичка работа поради гледање јужнокорејски серии

јануари 18, 2024

Двајца тинејџери од Северна Кореја се осудени на 12 години тешка физичка работа поради гледање јужнокорејска серии, соопшти Би-би-си. Во снимка која ја добила британската телевизија и е најверојатно снимена во 2022 година, прикажани се две 16-годишни момчиња со лисици на рацете пред стотици студенти на стадион. Се гледа како униформираните полицајци ги прекоруваат момчињата […]

Јужна Кореја да се прогласи за „непријател број 1“, повика севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун

јануари 16, 2024

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун повика на промена на Уставот на земјата за да се идентификува Јужна Кореја како „непријателска држава број еден“, со тоа ставајќи крај на посветеноста на режимот за обединување на двете земји на Корејскиот полуостров. Во говорот пред врховното народно собрание, Ким кажа дека повеќе не верува оти обединувањето со Јужна Кореја […]

Десетгодишната ќерка е веројатниот наследник на лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун

јануари 5, 2024

Младата ќерка на лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун, се смета за очигледен наследник на својот татко, соопшти за првпат јужнокорејската разузнавачка агенција, по шпекулациите дека севернокорејскиот владетел ја подготвува ќерка си да стане четвртиот член на династијата што ја води земјата од нејзиното основање пред повеќе од седум децении. Интензивните меѓународни шпекулации за Ким […]

Северна Кореја истрела 200 гранати во близина на морската граница со Јужна Кореја

јануари 5, 2024

Повеќе од 200 артилериски гранати истрелала Северна Кореја во правец кон морската граница со Јужна Кореја кај островот Јеонпјеонг, соопшти јужнокорејската војска, пренесува Би-би-си. Јужна Кореја им нареди на цивилите да побараат засолниште на островот, а официјален Сеул го осуди потегот, нарекувајќи го „провокативен чин“. Во 2010 година, севернокорејската војска направи сличен инцидент на островот Јеонпјеонг, […]

САД: Русија ја нападна Украина со севернокорејски балистички ракети

јануари 5, 2024

Русија почна да користи балистички ракети обезбедени од Северна Кореја за да ја нападне Украина, соопшти Белата куќа. Вашингтон, исто така, тврди оти Русија преговара со Иран за купување балистички ракети со краток дострел, јавува Гардијан. Проценката на американските разузнавачки служби е дека иранските ракети сè уште не пристигнале во Русија, но оти ќе биде […]

Руското снабдување со севернокорејско оружје е под остри критики

октомври 26, 2023

Јужна Кореја, Јапонија и САД го критикуваат снабдувањето со оружје и воена опрема од Северна Кореја до Русија, велејќи дека се потврдени неколку испораки, соопштува Гардијан. Новинската агенција Ројтерс во Сеул известува дека Русија и Северна Кореја негирале трансфер на оружје за употреба во руската војна против Украина, а постојат извештаи за кои Вашингтон и […]

Ракетни напади врз цивилни цели низ Украина, Лавров во посета на Северна Кореја

октомври 19, 2023

Украинските одбранбени сили остануваат во дефанзива на истокот и југот на Украина, додека офанзивни дејствија се преземаат во насока на Мелитопол, соопшти Генералштабот на украинските вооружени сили, a пренесува Укринформ. Руските трупи вчера извеле ракетни напади врз цивилни локации во Харкив, Запорижја, Павлорад и Обухивци во областите Днипропетровск и Миколаев. Во насоките Сивершчина и Слобожаншчина, […]

Северна Кореја повикува да се спречи испуштањето нуклеарна вода од Фукушима

јули 10, 2023

Северна Кореја ја повика меѓународната заедница да ја спречи Јапонија да испушта прочистена отпадна вода од нуклеарната централа Фукушима во океанот, известува Си-Ен-Ен. „Праведната меѓународна заедница не смее да седи и да ја гледа злобната, антихуманитарната и воинствената акција на корумпираната сила, која се обидува да го наруши домот на човештвото на сината планета. Мора […]

Покрај од Иран, Русија се снабдува со оружје и од Северна Кореја за да ја напаѓа Украина

декември 23, 2022

САД соопштија дека Северна Кореја ја завршила почетната испорака на оружје за руската приватна војска „Вагнер“, со која врши помош во зајакнувањето на руските сили во Украина. Според Белата куќа, севернокорејските власти за „Вагнер“ испорачале пешадиски ракети и проектили, иако сопственикот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, го негира тврдењето како „озборувања и шпекулации“, пренесува Гардијан. И […]

САД тврди дека Северна Кореја тајно испраќа артилериско оружје во Русија

ноември 3, 2022

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ја обвини Северна Кореја дека тајно ја снабдува Русија со гранати за агресијата врз Украина, пренесе „Блумберг“. Според портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, Северна Кореја оружјето го испраќа најпрвин на Блискиот Исток или во Северна Африка, во обид да се сокрие точната дестинација на […]

Северна Кореја нема да му испрати на Путин 100 илјади „доброволци“ за борба против Украина

септември 23, 2022

Руски „Регнум“ успеа да ги протне наводните „дипломатски канали” како извор на дезинформацијата дека 100 илјади војници од Северна Кореја ќе се приклучат на руска страна во воената инвазија во Украина, а на тоа експресно се надоврзаа политичари од Русија, да ја поддржат непостоечката иницијатива и да ја оквалификуваат како историски момент. Дезинформацијата не ја […]

„Русија се обидува да направи Северна и Јужна Кореја во Украина“

март 27, 2022

Русија сака да ја подели Украина на два дела, како што се случи со Северна и Јужна Кореја, изјави во неделата шефот на военото разузнавање на Украина, ветувајќи „тотална“ герилска војна за да се спречи распарчување на земјата, пренесе Ројтерс. Претседателот Володимир Зеленски го повика Западот да ѝ даде на Украина тенкови, авиони и проектили […]

Јужна Кореја: Ким Џонг Ун е жив

април 27, 2020

Јужна Кореја објави вчеравечер дека лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун е „жив и здрав“, во време кога многу медиуми шпекулираа дека тој е починат или е во критична состојба. Во отсуство на какви било информации од Северна Кореја, каде сите медиуми се под строга конрола на државата, Мун Чунг Ин, специјалниот советник за […]

Страна 1 од 8