fbpx

Ракетни напади врз цивилни цели низ Украина, Лавров во посета на Северна Кореја

Во областа Херсон, руската армија истрелала ракети во 105 наврати, при што загинале две лица, а четири биле повредени. Покрај тоа, биле гранатирани и станбени области во регионот, фабрика и парк во Херсон

-

Украинските одбранбени сили остануваат во дефанзива на истокот и југот на Украина, додека офанзивни дејствија се преземаат во насока на Мелитопол, соопшти Генералштабот на украинските вооружени сили, a пренесува Укринформ.

Руските трупи вчера извеле ракетни напади врз цивилни локации во Харкив, Запорижја, Павлорад и Обухивци во областите Днипропетровск и Миколаев. Во насоките Сивершчина и Слобожаншчина, Русија го задржува военото присуство во пограничните области, извршувајќи активни мисии со цел да спречи прераспоредување на украинските трупи во други сектори на фронтот, а во правец на Купјанск, украинските војници одбраниле над 15 непријателски напади, како и над 10 напади кај Надиа во регионот Луханск.

Во областа Херсон, руската армија истрелала ракети во 105 наврати, при што загинале две лица, а четири биле повредени. Покрај тоа, биле гранатирани и станбени области во регионот, фабрика и парк во Херсон.

Олександр Сиенкевич, градоначалникот на Миколаив објави на Телеграм дека по ноќно гранатирање, скршени се прозорци во најмалку три станбени згради, но жители не се повредени. Вработените во окружната администрација сè уште вршат увид во областа, а како што е соопштено, ова е резултат на две експлозии кои се случиле во околу 01:00 часот.

Во меѓувреме, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров се заблагодари на Северна Кореја за поддршката на воените дејствија на неговата земја во Украина и вети „целосна поддршка и солидарност“ на Москва за севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, соопшти руското Министерство за надворешни работи, пренесува Гардиен.

Говорејќи на приемот организиран во средата, Лавров рече дека Москва силно ја цени „непоколебливата и принципиелна поддршка“ на Пјонгјанг за Русија во војната во Украина, која ја нарекува „специјална воена операција“. По разговорите со севернокорејскиот министер за надворешни работи, Чое Сон Хуи, Лавров подоцна им изјавил на новинарите дека зголемените воени активности на САД и нивните сојузници Јапонија и Јужна Кореја се причина за загриженост, објави руската државна новинска агенција РИА.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хамас не го прифаќа понудениот договор за примирје, преговорите продолжуваат

Висок функционер на Хамас во текот на ноќта изјавил за новинската агенција Франс прес (АФП) дека одговорот на групата на предложениот договор за примирје со Израел, а постигнат со...