fbpx
Таг: Северна Кореја

таг: Северна Кореја

Северна Кореја истрелала две нови балистички ракети

Северна Кореја истрелала уште два нови балистички проектили, јавуваат јужнокорејските агенции. Според информациите што ги објавила јужнокорејската војска, ракетите прелетале 500 километри и паднале во морето во близина на градот Вонсана, во истиочниот дел на Северна Кореја. Минатиот месец Пјонгјанг лансираше шест проектили во море со помош на повеќеслоен состав за лансирање. Информацијата за лансирање на две нови ракети доаѓа во...

Пјонгјанг ги протера јужнокорејските работници од Кесонг

Северна Кореја денеска соопшти дека ги протерала сите јужнокорејски работници од индустрискиот комплекс Кесонг и го замрзнала имотот. Претходната одлука на Сеул да ги замрзне работите во оваа индустриска зона, откако Пјонгјанг тестираше ракета со долг домет, севернокорејскиот режим ја нарече објава на војна. Без разлика на нестабилните односи меѓу Сеул и Пјонгјанг во изминатите години, Кесонг бил само еднаш затворен...

Северна Кореја го рестартираше плутониумскиот реактор

Северна Кореја го рестартирала реакторот со плутониум кој може да обезбеди гориво за нуклеарно оружје, соопшти директорот на американската национална разузнавачка служба, Џејмс Клапер. Тој додаде дека Пјонгјанг презел чекори за создавање интерконтинентален балистички ракетен систем. Веста доаѓа неколку дена откако Северна Кореја лансираше ракета со долг дострел. Северна Кореја во минатото изведе неколку нуклеарни тестови. - Мораме да кажеме дека Северна Кореја...

Јапонија бара санкции за Северна Кореја

Јапонскиот парламент ја осуди одлуката на Северна Кореја да лансира ракета со долг домет и го повика Пјонгјанг да престане со таквите активности. Во резолуцијата, која парламентот едногласно ја усвои, се наведува дека станува збор за сериозна провокација што го загрозува мирот во светот. Јапонските парламентарци го повикаа Советот за безбедност на ОН да воведе нови санкции кон Северна Кореја. Јапонскиот премиер...

Сеул со предупредувачки истрели кон севернокорејски брод

Јужнокорејската морнарица испукала предупредувачки истрели кон севернокорејски патролен чамец на поморската граница меѓу двете земји, еден ден откако Пјонгјанг соопшти дека лансирал набљудувачки сателит со помош на ракета со долг дострел. Министерството за одбрана на Јужна Кореја соопшти дека севернокорејскиот брод влегол во нејзините територии на Жолто Море. - Бродот се повлекол набргу по предупредувањето – додаде министерството. Јужна и Северна Кореја...

Северна Кореја лансираше ракета со долг дострел во вселената

Северна Кореја рано утрово лансираше ракета со долг дострел во вселената. Тоа предизвика загриженост кај соседите на оваа земја и во Вашингтон, поради можноста Северна Креја да располага и да тестира нуклеарно оружје. Државната телевизија на Северна Кореја соопшти дека лансирањето во вселената наредено од Ким Јонг Ун било „целосен успех.“ Јужнокорејските и американските воени претставници соопштија дека лансирањето е маска за тестирање балистички...

Северна Кореја најави лансирање сателит

Северна Кореја ги објави плановите за лансирање сателит за набљудување кон крајот на месецов, соопшти денеска претставник на Меѓународната поморска агенција. Лансирањето на сателитот со ракета би можело да предизвика негативни реакции во меѓународната јавност бидејќи меѓународната заедница ги смета севернокорејските ракетни тестови за проба на ракети со долг домет, односно развивање нуклеарна и ракетна програма. Претставникот на Меѓународната поморска агенција...

Северна Кореја подготвува ново лансирање ракета, тврдат претставници на САД

Севера Кореја можно е да подготвува лансирање ракета, јавуваат светските агенции, кои се повикуваат на информации од претставници на САД. Сомневањата тие ги темелат на зголемените активности што биле забележани кај севернокорејската станица за лансирање сателити, Сохае. Според претставниците на американските власти, на кои се повикуваат светските агенции, можно е да станува збор за лансирање сателит или вселенско возило, но нема индикации...

Јужна Кореја стрелала кон дрон на границата

Војската на Јужна Кореја денеска истрела предупредувачки истрели во правец кон севернокорејското беспилотно летало во близина на границата меѓу двете земји, пренесуваат локалните медиуми. Агенцијата „Јонхап“ пренесува дека дронот потоа се свртел и се вратил на север. Инцидентот се случил на јужнокорејскиот набљудувачки пункт Дорасан, на западниот дел на корејската демилитаризирана зона, пренесува „Спутник“. Јужна и Северна Кореја технички сè уште се...

САД ги активираат бомбардерите „Б-52“ над Јужна Кореја по провокациите од Пјонгјанг

Соединетите Американски Држави (САД) ги активирале своите авиони бомбардери од типот „Б-52“ во јужнокорејскиот воздушен простор, откако Северна Кореја пред неколку дена соопшти дека успешно тестирала „минијатурна“ хидрогенска бомба. Бомбардерите „Б-52“, како што пренесува „Би-Би-Си“, надлетале воздушна база во близина на границата со Северна Кореја. Северна Кореја на 6 јануари соопшти дека успешно тестирала „минијатурна“ хидрогенска бомба. САД ги осудија „провокациите“...

Столтенберг ги осуди нуклеарната проба и заканувачката реторика на Пјонгјанг

Јанс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, во изјава за нуклеарната проба на Северна Кореја вели дека ја поткопува регионалната и меѓународната безбедност, како и дека ги нарушува резолуциите на Советот за безбедност на ОН. – Го осудувам продолжувањето на разработувањето нуклеарно оружје и балистички ракетни програми на Северна Кореја, како и заканувачката реторика на Пјонгјанг. Ја повикувам Северна Кореја да...

Северна Кореја тестирала хидрогенска бомба

Северна Кореја соопшти дека успешно тестирала „минијатурна“ хидрогенска бомба. Ова е четврта нуклеарна проба на Северна Кореја и покрај санкциите на Обединетите нации. Наредбата за пробата е потпишана од лидерот Ким Јонг-ун, кој минатиот месец најави дека неговата земја поседува едно од најмоќните оружја. САД ги осудија „провокациите“ на Северна Кореја и ветија дека ќе одговорат на соодветен начин. Вашингтон, сепак, истакна...

Северна Кореја отвори безвизна зона за кинески туристи

Северна Кореја, на брегот на реката Апнок во Синуј, отвори безвизна зона за кинеските туристи, јавуваат кинеските медиуми. Кинеските посетители ќе можат да се задржат еден ден и, покрај во купување, да уживаат и во севернокорејските специјалитети, но нема да можат да одат во други делови од земјата. Туристичката зона од 130.000 квадратни метри се наоѓа на место каде неодамна е завршен мостот...

Ким Јонг-ун: Северна Кореја има хидрогенска бомба

Претседателот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун, денеска изјави дека неговата земја, која поседува нуклеарно оружје, мора да го брани својот сувернитет со атомска и so хидрогенска бомба. Северна Кореја изведе три атомски тестови и тоа во 2006, 2009 и во 2013 година. Поради тестовите, против земјата се воведени меѓународни санкции. Хидрогенската, водородната или термонуклеарната бомба е бомба чија експлозивна снага се...

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...