fbpx

Сеул со предупредувачки истрели кон севернокорејски брод

-

Јужнокорејската морнарица испукала предупредувачки истрели кон севернокорејски патролен чамец на поморската граница меѓу двете земји, еден ден откако Пјонгјанг соопшти дека лансирал набљудувачки сателит со помош на ракета со долг дострел.

Министерството за одбрана на Јужна Кореја соопшти дека севернокорејскиот брод влегол во нејзините територии на Жолто Море.

– Бродот се повлекол набргу по предупредувањето – додаде министерството.

Јужна и Северна Кореја не се согласуваат околу линијата за разграничување на Жолтото Море од завршувањето на Корејската војна, водена во периодот од 1950 до 1953 година, која заврши со примирје, а не со мировен договор.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...