Пјонгјанг ги протера јужнокорејските работници од Кесонг

Северна Кореја денеска соопшти дека ги протерала сите јужнокорејски работници од индустрискиот комплекс Кесонг и го замрзнала имотот.

Претходната одлука на Сеул да ги замрзне работите во оваа индустриска зона, откако Пјонгјанг тестираше ракета со долг домет, севернокорејскиот режим ја нарече објава на војна.

Без разлика на нестабилните односи меѓу Сеул и Пјонгјанг во изминатите години, Кесонг бил само еднаш затворен досега и тоа на пет месеци во 2013 година, кога Северна Кореја ги повлече своите работници за време на тензиите по нејзината трета нуклеарна проба.