Почнаa градежните работи за логистичкиот центар на „Лидл“ во близина на Куманово

Компанијата „Лидл“ работи во 31 земја, со над 12.200 супермаркети и над 220 логистички центри и магацини, а во земјава влезе преку својата компанија во Бугарија

-

Во индустриската зона „Речица“ во близина на Куманово денеска почнаа подготвителните градежни работи за логистичкиот центар на „Лидл“, кој ќе ги опслужува продавниците во земјава на овој германски гигантски синџир супермаркети.

Компанијата „Лидл“ работи во 31 земја, со над 12.200 супермаркети и над 220 логистички центри и магацини, а во земјава влезе преку својата компанија во Бугарија.

Инвестицијата во финалната фаза на логистичкиот центар би вредела 80 милиони и евра, при што тој ќе отвори над 150 работни места. Денеска почнаа подготвителните градежни работи, а изградбата ќе почне наскоро, откако ќе биде избран генералниот изведувач.

„Лидл планира најголема, но и долгорочна инвестиција во нашата држава, која сметам дека ќе отвори големи перспективи како за нашата национална економија, така и за нашата држава која преку ваквите успешни бизнис модели ќе оствари поголем пробив на меѓународните пазари“, порача Ковачевски, заблагодарувајќи се на раководството на „Лидл Северна Македонија“, на Општина Куманово и нејзиниот градоначалник Максим Димитриевски и на администрацијата што работела заедно со „Лидл“ на реализацијата на оваа инвестиција. Ковачевски се заблагодари и на вицепремиерот Фатмир Битиќи.

На настанот, покрај амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер, беа и Главниот извршен директор на „Лидл Северна Македонија“, Рубријан Хаџиев, потоа кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски и министрите Љупчо Николовски и Оливер Спасовски.

За градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, подготвителните активности за градба значат и развој на индустриската зона Речица.

„Јас денеска како градоначалник сум среќен што имам чест да присуствувам на оваа манифестација на покана на инвеститорот и сакам да се заблагодарам на претставниците на ЛИДЛ, германската амбасада во државата и вработените во општина Куманово, јавните претпријатија и сите институции, кои дадоа позитивен придонес во подготовка и реализација на ваквиот проект, вклучувајќи ги и лицата кои беа вработени кај инвеститорот или ангажирани како фирми, кои беа логистичка поддршка“, порача Димитриевски.

„Лидл Северна Македонија“ го купи земјиштето во септември 2023 година, преку јавен оглас од општината.

Компјутерска графика: Лидл Северна Македонија

Ова е најголемата инвестиција на „Лидл Северна Македонија“ досега. Компанијата сега вработува 100 лица, објасни Рубријан Хаџиев, генералниот директор на „Лидл Северна Македонија“

„Денеска ја претставуваме нашата најголема инвестиција во Северна Македонија, нашиот логистичкиот центар. Лидл Северна Македонија е дел од меѓународното семејство на Лидл и овде, заедно со нашиот тим, кој во моментов брои повеќе од 100 вработени, сакаме да го имплементираме искуството што го стекнавме во повеќе од 30 земји со ист стандард и ист квалитет. Ќе инвестираме околу 80 милиони евра само во изградба на логистичкиот центар за да создадеме модерен и одржлив објект, според најновите градежни стандарди“, рече Хаџиев, генерален директор на Лидл Северна Македонија.

Парцелата во Куманово опфаќа површина од 170.997 метри квадратни, вклучувајќи логистички центар од 63.000 метри квадратни и комплекс со главна зграда, административни канцеларии и напредна инфраструктура. Логистичкиот центар ќе биде опремен со специјализирани машини, системи за автоматизација и логистичка опрема.

Ќе користи електрична енергија од обновливи извори на енергија и ќе биде опремен со фотоволтаични елементи кои генерираат вкупна моќност од приближно 1,7 MW. Дополнително, за затворање на покривот ќе се користи материјал од рециклиран отпад, а внатре ќе се постави енергетски ефикасно LED осветлување.

Објектот ќе се загрева со отпадна топлина од системот за ладење и целиот генериран отпад ќе се рециклира, соопштија од компанијата.

Нивото на морската вода изминативе години расте поради климатските промени

Светскиот просек на морското ниво е зголемен за 21 до 24 сантиметри од 1880 година. Во 2023 година светското просечно морско ниво достигна рекордна височина – 101,4 милиметри (3,99...