fbpx

Двојните избори во мај ќе чинат 17 милиони евра, соопшти ДИК

Над шест милиони евра ќе чини организирањето на изборите, додека за платено политичко рекламирање за двојните избори се предвидени над 10,6 милиони евра

-

Двојните избори кои ќе се спроведат во април и мај, државата ќе ја чинат речиси 17 милиони евра, соопшти потпретседателката на Државната изборна комисија (ДИК), Дитмире Шеху.

Над шест милиони евра ќе чини организирањето на изборите – со обезбедување доверлив и недоверлив материјал, транспорт, паричен надоместок за избирачките органи, односно на членовите на општинските изборни комисии, избирачките одбори, додека за платено политичко рекламирање за двојните избори се предвидени над 10,6 милиони евра.

Таа рече дека сите средства се веќе дадени, а недостигаат само во делот за платено политичко рекламирање.

„Со министерот за финансии се договоривме овие средства да се надополнат подоцна, бидејќи средствата за платено политичко рекламирање се плаќаат 30 дена по конечноста на резултатите, така што ова нема да влијае и нема да имаме проблеми во текот на организирањето на изборите“, вели Шеху.

Таа посочи дека ДИК и нејзините членови и вработени веќе една година се подготвуваат за двојните избори да поминат во фер, демократска атмосфера и да бидат безбедни.

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска изјави дека ќе достави целосен состав на техничката влада ако ВМРО-ДПМНЕ му достават предлози за министри и дополнителни заменици министри. Тој изјави дека составот на техничкиот владин кабинет ќе биде целосен ако опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ номинира свои предлози, наспроти изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека е можно местата за предлозите за министри од ВМРО-ДПМНЕ да останат празни откако ВМР0-ДПМНЕ најави дека ќе номинира свои министри во техничката влада, но дека нема да гласа за влада предводена од Џафери.

Утре ќе се поднесат оставките од претседателот на Собранието и на Владата, а задутре, на 26 јануари, ќе биде избран новиот претседател на Собранието. Истиот ден, како што рече Џафери, ќе биде доделувањето на мандат од претседателот. Поднесувањето на предлог-составот на владата ќе биде на 27 јануари, а на 28 јануари би се избрала техничката влада.

На седница на Извршниот комитет вечерва, се очекува ВМРО-ДПМНЕ да ги соопшти имињата на министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика и на дополнителните заменици министри за финансии, за информатичко општество и администрација и за земјоделство, шумарство и водостопанство, кои ќе бидат дел од техничката влада.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...