fbpx

Малолетник уапсен по напад на јужнокорејска политичарка, со камен ја мавал по глава

Снимката од безбедносните камери го прикажува осомничениот, облечен во сива капа и маска како и се приближува на Бае Хјун-Џин во ходникот на зградата и навидум започнува разговор пред да ја удри со камен.

-

Четиринаесетодишно момче кое ја нападна јужнокорејска пратеничка Бае Хјун-Џин со камен е испратено во установа за ментално здравје а полицијата продолжува да го истражува нападот врз пратеничката.

Гардијан соопшти дека осомничениот малолетник бил уапсен на местото на нападот во Сеул во петокот и испратен во болница откако бил интервјуиран во присуство на неговите родители.

Нападот во четвртокот се случи неколку недели откако маж го прободе опозицискиот лидер Ли Јае-Мјунг во вратот во јужниот град Бусан, што предизвика дополнителна загриженост за интензивно поларизираната политика во земјата.

Снимката од безбедносните камери го прикажува осомничениот, облечен во сива капа и маска како и се приближува на Бае во ходникот на зградата и навидум започнува разговор пред да ја удри со камен.

Тој продолжил да ја удира со каменот и откако таа паднала на земја. На видеото се гледа како Бае се спротивставува, мавта со рацете и го фаќа зглобот на тинејџерот, пред да се појави друго лице и да се обиде да интервенира.

Бае била пренесена во болница каде лекарите рекле дека избегнала сериозна повреда. Нејзината канцеларија објави фотографии од нејзиниот капут и џемпер испрскани со крв, кои наводно и биле презентирани на полицијата како доказ.

Пртеничката се смета за блиска со претседателот, Јун Сук Јеол, а канцеларијата на Јун издаде соопштение во кое го нарече нападот врз Бае „неприфатлив инцидент што мора строго да се истражи“.

Мотивот за нападот сеуште не е јасен.

 

ИзворThe Guardian

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...