fbpx

Покрај од Иран, Русија се снабдува со оружје и од Северна Кореја за да ја напаѓа Украина

-

САД соопштија дека Северна Кореја ја завршила почетната испорака на оружје за руската приватна војска „Вагнер“, со која врши помош во зајакнувањето на руските сили во Украина. Според Белата куќа, севернокорејските власти за „Вагнер“ испорачале пешадиски ракети и проектили, иако сопственикот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, го негира тврдењето како „озборувања и шпекулации“, пренесува Гардијан.

И јапонскиот весник Токио Шимбун објави свое новинарско истражување, во кое тврди дека Северна Кореја испорачала муниција, вклучително и артилериски гранати, до Русија преку воз кој ја минал нивната граница минатиот месец и дека се очекуваат дополнителни пратки во наредните недели.

Министерството за надворешни работи на Северна Кореја го демантираше медиумскиот извештај дека испорачувала муниција на Русија, нарекувајќи го „неосновано“ и ги осуди Соединетите Американски Држави дека ѝ дале смртоносно оружје на Украина.

Јужнокорејското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека ја осудува испораката на оружје од Северна Кореја на приватната воена компанија „Вагнер“, додавајќи дека го поддржува притисокот на Соединетите Американски Држави да го покренат ова прашање во Советот за безбедност на ОН.

Инаку, Русија во воената агресија врз Украина веќе користи ирански дронови, со кои ги напаѓа украинските градови и цивилната инфраструктура и со нив предизвика огромни штети врз снабдувањето со струја, вода и греење на граѓаните.

Руските напади врз Украина продолжија и во изминатово деноноќие. Во Донецкиот регион четири цивили загинаа, а седум се повредени како последица на воените дејствија врз руските сили врз населените места Часив Јар и Бахмут, пренесува Укринформ.

Во Харкивскиот регион со руските ракетни напади биле погодени градовите Купјанск и Вовчанск. Најмалку пет лица се повредени од гранатирањето, од кои четворица биле медицински персонал вработен во локалната болница во Вовчанск, врз чиј објект паднала една од ракетите, јавува Укринформ.

Од руските ракетни напади во регионот Запорижја биле погодени куќи во Махдалунивка, при што две деца на 3 и 15 години биле заробени под урнатините на нивниот разрушен дом. Повредените лица биле извадени од под урнатините од спасувачките екипи и биле пренесени во регионалната детска болница во Запорижја, пренесува Укринформ.

Во регионот Суми, на североистокот од Украина, биле гранатирани населени места во пограничната област со Русија дури 54 пати во изминатово деноноќие, при што биле оштетени куќи, продавница, дом на култура и други цивилни објекти во четири населени места, пренесува Укринформ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...