fbpx

Северна Кореја побрза да одржи воена парада пред Олимписките игри

-

Северна Кореја ненајавено денеска, пред самиот почеток на Олимписките игри во Јужна Кореја, ја одржала својата воена парада што вообичаено ја одржува во април. На севернокорејската телевизија била емитувана дури отпосле.

Официјален Пјонгјанг вообичаено многу се фали со своите воени паради и ги најавува, но за најновата се дозна откако се одржала, јавија јужнокорејски медиуми. Во Јужна Кореја овој потег се смета за враќање назад по неодамнешното затоплување на односите. Сеедно, претседателот на Јужна Кореја објави дека сепак ќе се сретне со севернокорејската олимписка делегација в сабота. Во делегацијата од 22 членови е и церемонијалниот шеф на државата Ким Јонг-нам, како и Ким Јо-џонг, влијателната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Годинашната парада што е одржана ненајавено и речиси без помпа, ја одбележува 70-годишнината од формирање на Корејската народна армија, која е формирана на 8 февруари 1948 година.

Зимските Олимписки игри ќе бидат одржани во Пјонгчанг, Јужна Кореја, од утре до 25 февруари 2018 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...