fbpx

Јужна Кореја да се прогласи за „непријател број 1“, повика севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун

Ким кажа дека повеќе не верува оти обединувањето со Јужна Кореја е можно и ја обвини соседната држава дека се обидува да поттикне промена на режимот

-

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун повика на промена на Уставот на земјата за да се идентификува Јужна Кореја како „непријателска држава број еден“, со тоа ставајќи крај на посветеноста на режимот за обединување на двете земји на Корејскиот полуостров.

Во говорот пред врховното народно собрание, Ким кажа дека повеќе не верува оти обединувањето со Јужна Кореја е можно и ја обвини соседната држава дека се обидува да поттикне промена на режимот и за тајно промовирање на обединување, пренесе „Гардијан“.

„Ние не сакаме војна, но немаме намера да ја избегнеме“, изјави Ким Јонг-ун.

Севернокорејската државна новинска агенција „KCNA“ (КЦНА) денеска објави дека земјата ќе затвори три агенции кои го надгледуваат обединувањето и туризмот меѓу двете земји – Комитетот за мирно обединување, Националното биро за економска соработка и Меѓународната туристичка администрација на планината Кумганг.

Изјавите на Ким наидоа на итна осуда од јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол, кој го обвини Пјонгјанг дека е „антинационален“ во етикетирањето на Јужна Кореја како непријателска земја. Тој го осуди и неодамнешното лансирање на проектили и вежби на Северна Кореја во близина на напнатата поморска граница меѓу земјите, предупредувајќи дека провокациите ќе предизвикаат одмазда.

Говорот на Ким означува отстапување од децениската официјална политика која на помирувањето и обединувањето гледаше како крајна цел, и покрај зачестените тензии на полуостровот.

Ким Јонг-ун рече дека војната ќе ја уништи Јужна Кореја и ќе донесе „незамислив“ пораз на нејзиниот најголем сојузник, САД, кои, според КЦНА, имаат речиси 30.000 војници стационирани во земјата.

„Во случај на војна на Корејскиот полуостров, мислам дека е исто така важно да се размислува за прашањето за целосно окупирање, потиснување и враќање (на Јужна Кореја) и нејзино инкорпорирање на територијата на нашата Република“, изјави Ким.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...