fbpx

Јужна Кореја: Ким Џонг Ун е жив

-

Јужна Кореја објави вчеравечер дека лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун е „жив и здрав“, во време кога многу медиуми шпекулираа дека тој е починат или е во критична состојба.

Во отсуство на какви било информации од Северна Кореја, каде сите медиуми се под строга конрола на државата, Мун Чунг Ин, специјалниот советник за национална безбедност на претседателот на Јужна Кореја, вчера за Си-ен-ен изјави дека Ким Џонг Ун е „жив и здрав“ и оти „досега не се забележани сомнителни случувања“.

Според Чунг Ин, севернокорејскиот лидер од 13 април бил во Вонсан, туристичко место на источниот брег на Северна Кореја и досега „не се забележани сомнителни раздвижувања“

Здравјето на Ким Џонг Ун стана тема во светските медиуми кога не се појави на 15 април за да го прослави роденденот на неговиот дедо Ким Ил Сунг, основачот на Северна Кореја.

Во текот на викендот некои светски медиуми објавија фотографија од Ким Џонг Ун на посмртен одар, но предупредуваа дека веродостојноста на фотографијата не може да се потврди.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во средата дека тврдењата во медиумите дека Ким е сериозно болен не се потврдени, но не кажа дали бил во контакт со претставници на Пјонгјанг.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...