fbpx
Таг: Северна Кореја

таг: Северна Кореја

Трамп се закани дека САД би можеле целосно да ја уништат Северна Кореја

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во своето прво обраќање пред Генералното собрание на Обединети нации во седиштето на организацијата во Њујорк, изјави дека доколку Америка биде во ситуација да мора да се брани себеси или нејзините сојузници, би немала друг избор освен целосно да ја уништи Северна Кореја. Тој ја нападна земјата и нејзиниот лидер Ким Јонг-ун, велејќи дека Северна...

САД има бројни воени опции против Северна Кореја, вели шефот на Пентагон

Соединетите Американски Држави имаат „бројни“ воени опции против Северна Кореја, од кои повеќето не би ја загрозиле Јужна Кореја, односно би го поштедиле Сеул од брутален контранапад, изјвил американскиот министер за одбрана, Џејмс Матис, јавуваат светските агенции. „Пастојат многу воени опции кои можеме да ги примениме, заедно со нашите сојузници, за одбрана на сојузниците и на нашите интереси“, изјавил шефот на...

Дипломатските средства за Северна Кореја се при крај, вели амбасадорката на САД во ОН

Доколку САД ги исцрпат дипломатските опции за да ја убедат Северна Кореја да ја запре нуклеарната програма, тогаш најверојатно работите во свои раце ќе ги преземе Пентагон, вели амбасадорката на САД во Обединетите нации, Ники Хејли, за „Си-ен-ен“. - Ние сакавме да бидеме одговорни и да ги искористиме сите дипломатски средства за да го привлечеме нивното внимание. Ако тоа не...

Северна Кореја тестираше уште една ракета над Јапонија

Северна Кореја испукала уште еден проектил од близината на Пјонгјанг. Американците и Јужнокорејците ги анализираат податоците од оваа проба. Јапонија тврди дека една ракета го прелетала островот Хокаидо, а потоа паднала во Тихиот Океан. Јужнокорејскиот совет за национална безбедност одржа итна седница веднаш откако беше објавена веста за новиот ракетен тест на режимот во Пјонгјанг. Јапонскта телевизија НХК објави дека проектил...

Пјонгјанг се заканува со силни контрамерки

Северна Кореја денеска порача дека ќе преземе силни контрамерки како одговор на притисокот од САД или какви било санкции кои евентуално би ѝ биле наметнати поради тестирање ракетен систем и го обвини Вашигтон дека сака војна. Ваквите закани на Пјонгјанг се изнесени во соопштението на официјалната делегација на економскиот форум во Владивосток, на истокот на Русија. Во истото соопштение, обвиненија се...

Трамп смета дека не е време за разговори со Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека не е време за разговори со Северна Кореја и дека сите опции се отворени за одбрана на САД и на нејзините сојузници. Трамп вчера телефонски разговарал со премиерите на Австралија и на Велика Британија, Малком Трнбул и Тереза Меј, за последната нуклеарна проба на Северна Кореја, соопшти денеска Белата куќа, јавуваат светските агенции. Претседателот на...

Меркел: Викендов итен состанок на ЕУ-лидерите поради Северна Кореја

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ за викендот треба да разговараат за воведувањето додатни санкции кон Северна Кореја, изјави германската канцеларка Ангела Меркел. Таа додаде дека тој состанок треба итно да се организира, истакнувајќи дека тестовите што ги изведе Северна Кореја претставуваат флагрантно кршење на сите меѓународни услови. - Говорам јасно и во име на целата влада: единствено е...

Кина ја повика Северна Кореја да не лансира уште една ракета

Кина ја предупреди Северна Кореја да не продолжува со наводните планови за лансирање нова балистичка ракета и го повика Пјонгјанг да не ја зголемува напнатоста. Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи, Генг Шуанг, рече дека на Северна Кореја мора да ѝ биде јасно дека резолуцијата на Советот за безбедност на ОН забранува такви активности. Генг во Пекинг изрази надеж дека...

САД бараат најсилни мерки против Северна Кореја

Американската амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли, изјави дека САД сакаат ОН да преземат најсилни можни мерки против Северна Кореја поради новата нуклеарна проба. - Дојде моментот да се престане со половичните мерки – изјави Хејли на итниот состанок на Советот за безбедност. Според нејзините зборови, ситуацијата е ургентна и пристапот што ОН го имале кон Северна Кореја повеќе од 20 години не...

Трамп: Нуклеарната проба на Северна Кореја е опасна за САД

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нуклеарната проба на Северна Кореја е „непријателска и опасна“ за САД. „Северна Кореја изведе голема нуклеарна проба. Нивните зборови и акции продолжуваат да бидат многу непријателски и опасни за САД. Северна Кореја е непријателска нација која стана голема закана и срам за Кина, која се обидува да помогне, но со малку успех“, напиша Трамп...

Вашингтон и Сеул телефонски разговараа за нуклеарниот тест на Северна Кореја

Претседателскиот кабинет на Јужна Кореја соопшти дека највисоките власти на Сеул и на Вашингтон разговарале по шестиот нуклеарен тест што го изведе Северна Кореја. Кабинетот соопшти дека американскиот советник за национална безбедност, Херберт Рејмонд Мекмастер, и неговиот корејски колега, Чунг Уи-јонг, телефонски се слушнале и разговарале околу 20 минути. Денешниот нуклеарен тест на Северна Кореја е најмоќен што досега таа држава го...

Русија: Северна Кореја направи сериозна закана

Русија ја осуди Северна Кореја поради тестирањето хидрогенска бомба истовремено апелирајќи до сите да останат воздржани и да се вратат на дијалог. „Најновото непочитување на обврските на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации од страна на Пјонгјанг заслужува најостра осуда“, соопшти министерството за надворешни работи на Русија. Во соопштението се наведува дека Русија жали поради тоа што раководството на...

Кина бара од Северна Кореја да ги запре погрешните акции

Кинеското министерство за надворешни работи побара од Северна Кореја да ги запре своите, како што велат „погрешни акции“. Министерството во соопштението наведува дека Кина жестоко се противи и силно ги осудува постапките на Северна Кореја. Реакцијата на Кина следува откако Пјонгјанг денеска успешно тестираше унапредена хидрогенска бомба. Пекинг го повика Пјонгјанг да ја почитува резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Северна Кореја тестираше нова хидрогенска бомба

Северна Кореја потврди дека тестирала нова хидрогенска бомба наменета за интерконтинентална балистичка ракета. Ова го објави севернокорејската државна телевизија, наведувајќи дека се работи за голем успех. Тестирањето на хидрогенската бомба, кое го наложил лидерот Ким Јонг-ун, претставува „целосен успех и значаен чекор“ во комплетирање на програмата за нуклеарно оружје на Северна Кореја. Објавата следуваше неколку часа по двата потреси предизвикани од нуклеарната...

Кина ја повика Јапонија да не му воведува нови санкции на Пјонгјанг

Кина ја повика Јапонија да не ѝ воведува еднострани санкции на Северна Кореја поради лансирање на севернокорејската ракета преку јапонската територија, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи. Министерот Ванг Ји вчера изјави дека едностраните санкции не се во духот на резолуцијата на Советот за безбедност и дека за нив нема основа во меѓународното право и дека затоа Јапонија не треба...

Стапи на сила забраната за патување на Американци во Северна Кореја

Стапи на сила забраната за американските државјани да патуваат во Северна Кореја. Властите соопштија дека граѓаните може да бараат исклучоци, но дека малку од нив ќе добијат. Забраната за патување во јули ја најави државниот секретар, Рекс Тилерсон, по смртта на американскиот студент Отоа Вармбир, осуден во Северна Кореја затоа што украл пропаганден плакат. Американците кои имаат оправдана причина да патуваат...

Американски бомбардери изведоа вежба во близина на Северна Кореја

Американските стратешки бомбардери, кои можат да носат нуклеарно оружје, изведоа заедничка вежба со јужнокорејските сили во близина на источниот брег на Јужна Кореја. Војската на Јужна Кореја соопшти дека станува за вежба во која учествуваат два американски бомбардери „Б-1Б“ и четири „Ф-35“ како и јужнокорејските бомбардери „Ф-15“. Северна Кореја потврди дека во вторникот лансирала ракета која ја прелетала Јапонија и дека...

САД тестираше пресретнување балистички ракети

Eден ден откако Северна Кореја лансираше ракета која прелета над Јапонија, американската војска изведе проба за пресретнување балистички ракети кај брегот на Хаваи, соопшти Американската агенција за ракетна одбрана. Во соопштението се наведува дека Агенцијата за ракетна одбрана, заедно со маринците, успешно пресретнала балистички ракети со среден домет од разорувачот „Џон Пол Џон“. Директорот на агенцијата, генерал потполковник Сем Грејвс, вели...

Ракетниот тест е подготовка за воени акции во Пацификот, порача Пјонгјанг

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го оценил вчерашното тестирање на балистичката ракета како успешно и го опишал како подготовка за напад на американскиот остров Гуам во Пацификот, се наведува во соопштението што го пренесе државната новинска агенција на Северна Кореја - КЦНА. Во соопштението се наведува дека Ким Џонг-ун изразил големо задоволство поради успешниот тест и наредил уште неколку слични тестирања во...

Северна Кореја истрела ракета преку Јапонија, итна седница на Советот за безбедност на ОН

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) денеска ќе одржи итна седница на барање на САД, Јапонија и на Јужна Кореја, откако Пјонгјанг истрела балистичка ракета што ја прелета територијата на Јапонија пред да падне во Тихиот Океан. Како што јавуваат светските медиуми, сирените за тревога се активирале во северниот дел на Јапанија, предупредувајќи ги луѓето да побараат засолниште, а железничкиот...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...