fbpx

Руското снабдување со севернокорејско оружје е под остри критики

Јужна Кореја, Јапонија и САД силно го осудуваат обезбедувањето на воена опрема и муниција од страна на Демократска Народна Република Кореја до Руската Федерација

-

Јужна Кореја, Јапонија и САД го критикуваат снабдувањето со оружје и воена опрема од Северна Кореја до Русија, велејќи дека се потврдени неколку испораки, соопштува Гардијан.

Новинската агенција Ројтерс во Сеул известува дека Русија и Северна Кореја негирале трансфер на оружје за употреба во руската војна против Украина, а постојат извештаи за кои Вашингтон и истражувачите велат дека покажуваат движење на бродови со контејнери, најверојатно со оружје меѓу пристаништата на двете земји.

И покрај тоа што не било можно да се потврди содржината на пратките, извештаите велат дека контејнерите од северот подоцна биле забележани во руски складишта за муниција во близина на границата со Украина.

„Република Кореја, Соединетите Американски Држави и Јапонија силно го осудуваат обезбедувањето на воена опрема и муниција од страна на Демократска Народна Република Кореја (ДНРК) до Руската Федерација за употреба против владата и народот на Украина“, велат тие во соопштение.

„Таквите испораки на оружје, од кои неколку сега потврдуваме дека се завршени, значително ќе го зголемат бројот на изгубени животи од руската агресивна војна“, се вели во соопштението објавено од министрите за надворешни работи на трите држави.

Северна Кореја бара воена помош од Русија за да ги унапреди сопствените воени капацитети во замена за поддршката за Москва во вооружување, се вели во соопштението.

„Внимателно следиме какви материјали Русија и дава на КНДР за поддршка на воените цели на Пјонгјанг“, се вели во извештајот и се додава дека секоја трансакција со оружје со Северна Кореја прекршила повеќе резолуции на Советот за безбедност на ОН за кои гласала самата Москва.

Северна Кореја и Русија ветија поблиска воена соработка кога нивните лидери се сретнаа во септември на далечниот исток на Русија. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, пред неколку дена се сретна со севернокорејскиот владетел Ким Џонг-ун и разговараше за спроведување на договорите постигнати на самитот.

ИзворThe Guardian

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...