ОН пресудија во полза на Асанж

-

Работните групи на Обединетите нации пресудија во полза на Џулијан Асанж, основачот на „Викиликс“, кој до петчленото тело поднесе жалба против Шведска и Велика Британија во 2014 година поради незаконското притварање. Претходно Асанж најави дека утре ќе ја напушти амбасадата на Еквадор во Лондон и ќе го прифати апсењето доколку истрагата на ОН заврши со пресуда против него.

Четириесет и четиригодишниот Асанж се засолни во еквадорската амбасада во Лондон во јуни 2012 година, за да избегне екстрадиција во Шведска, која го бара за распит поради наводите за силување во 2010 година, кои тој ги негира. Во жалбата до ОН, Асанж навел дека е „арбитражно притворен“ затоа што не може да ја напушти амбасадата без да биде уапсен.

Две жени го обвинија Асанж за силување во Стокхолм во 2о1о година. Против него не е подигнато обвинение бидејќи не е сослушан.

Асанж најави дека очекува да му се врати пасошот и да се запрат сите понатамошни обиди за негово апсење.

Основачот на „Викиликс“ стравува дека Шведска ќе го испорача на САД, каде би можело да му се суди поради објава на тајни воени и дипломатски документи.

Оваа сабота ќе се одржи вториот маалски бувљак во Железара во дворот на „Комбо“

Вториот „Маалски бувљак“ во организација на „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 26 април (сабота) со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за креативна одржливост...

Првата антикорупционерка Димитровска осомничена во предметот „Адитив“

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, попладнево е повикана и однесена во Кривичниот суд, потврдија од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Оттаму...

Француската агенција за развој на медиумите објави конкурс за креирање постер за борба против дезинформациите во Западен Балкан

Како дел од проектот „Balkan Voices 2“ и „Shared Horizons“, Француската агенција за развој на медиумите (CFI) објави конкурс за креирање на постер, кој што ќе служи како регионална иницијатива чија...

Завршен настан на ХЕРА: Родовата еднаквост е реалност не само цел

Под мотото „Ти и јас во еден глас: Родовата еднаквост – наша заедничка мисија“, денес во Скопје, се одржа завршниот настан на проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово...

Оваа сабота ќе се одржи вториот маалски бувљак во Железара во дворот на „Комбо“

Вториот „Маалски бувљак“ во организација на „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 26 април (сабота) со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за...