ОН од денеска треба да почнат со испраќање хуманитарна помош во Сирија

-

Обединетите нации (ОН) се подготвени да почнат со доставување помош за луѓето во подрачјата што се под опсада во Сирија, пренесуваат светските медиуми. ОН сакаат да го искористат примирјето што го договорија Соединетите Американски Држави (САД) и Русија, а кое стапи на сила во саботата на полноќ.

Првите пратки со хуманитарна помош, според планот, треба да бидат доставени денеска. Во наредните пет дена, според планот на ОН, помош треба да добијат 150.000 Сиријци кои се заглавени во подрачјата што се под опсада.

Обединетите нации се надеваат дека до крајот на март ќе успеат да достават помош за околу 1,7 милиони луѓе.

Ситуацијата во Сирија, по стапувањето на сила на примирјето, според „Би-би-си“, е подобрена и покрај обвинувањата од двете страни за прекршувања на договорот за прекин на огнот.

На првиот ден од склученото примирје во Сирија, загинаа повеќе од 180 лица. Од Сирискиот центар за надзор на човековите права соопштија дека половина од лицата загинале во напади на Исламска држава во северните делови на земјата.

Оваа сабота ќе се одржи вториот маалски бувљак во Железара во дворот на „Комбо“

Вториот „Маалски бувљак“ во организација на „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 26 април (сабота) со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за креативна одржливост...

Првата антикорупционерка Димитровска осомничена во предметот „Адитив“

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, попладнево е повикана и однесена во Кривичниот суд, потврдија од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Оттаму...

Француската агенција за развој на медиумите објави конкурс за креирање постер за борба против дезинформациите во Западен Балкан

Како дел од проектот „Balkan Voices 2“ и „Shared Horizons“, Француската агенција за развој на медиумите (CFI) објави конкурс за креирање на постер, кој што ќе служи како регионална иницијатива чија...

Завршен настан на ХЕРА: Родовата еднаквост е реалност не само цел

Под мотото „Ти и јас во еден глас: Родовата еднаквост – наша заедничка мисија“, денес во Скопје, се одржа завршниот настан на проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово...

Оваа сабота ќе се одржи вториот маалски бувљак во Железара во дворот на „Комбо“

Вториот „Маалски бувљак“ во организација на „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 26 април (сабота) со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за...