fbpx
Таг: нова влада

таг: нова влада

Германско МНР: Новата влада да се посвети на правото, медиумите, Договорот од Пржино и на СЈО

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Германија денеска го поздрави изборот на новата влада на Македонија и посочи дека ќе мора да се спроведуваат итните реформи. „Го поздравуваме изборот на новата Влада во ПЈР Македонија од страна на Собранието во Скопје. Поаѓаме од тоа дека новата влада сега решително ќе пристапи кон спроведување на итните реформи за надминување на...

Британија: Ова е можност за цела Македонија да се обедини за интересите на сите граѓани

Британскиот министерот за Европа, Алан Данкан, денеска му честиташе на премиерот Зоран Заев за формирањето влада и додаде дека тоа претставува позитивен напредок по долготрајната политичка криза. - И честитаме на Македонија за формирањето на новата влада. Ова е можност за целата земја да се обедини за интересите на сите граѓани на Македонија и на поширокиот регион. Ќе соработуваме со...

Заев: Димитриев ми пренесе дека состојбата во државата не е сјајна, но не е ниту драматична

Новиот премиер, Зоран Заев, денеска изјави дека примопредавањето на премиерскиот кабинет од досегашниот технички премиер, Емил Димитриев, поминало во пријателска атмосфера. - Разговаравме со техничкиот премиер во заминување, господинот Емил Димитриев, и бев запознаен со сите неопходни детали што треба да ги знам уште денеска, во согласност со целиот протокол. Нормално, бев информиран за салите за состаноци, за помошните простории,...

Сега треба да се спроведат итните реформи и да има владеење на правото, порача Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, соопшти дека му честитал на премиерот Зоран Заев за формирањето нова влада. „Разговарав денеска со премиерот Заев и му честитав за неговите нови одговорности. Се согласивме за важноста од итно спроведување на реформите, вклучувајќи го доброто владеење и владеењето на правото. Овие реформи ќе бидат од корист за сите граѓани на поранешната југословенска Република...

Иванов ја прими новата влада

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска, во вилата Водно, ги прими членовите на новата влада, предводена од премиерот, Зоран Заев. Иванов на сите министри им го честиташе изборот и им посака успех во работата. Претседателот на државата му го даде мандатот за составување Влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на 17 мај, а синоќа, околу полноќ, Собранието го изгласа новиот...

Груевски омекна за името, подготвен е за „фер решение“?

Членството во НАТО и во Европската Унија ќе остане приоритет, но и грижата за фер решение на спорот со јужниот сосед (Грција), изјави синоќа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во своето обраќање пред гласањето за новата влада на премиерот Зоран Заев. Ставот за „фер решение“ за името, што го нагласи Груевски, отстапува од досегашните тврди позиции на ВМРО-ДПМНЕ, кои беа...

Стејт департмент: САД ќе соработуваат со новата влада за членство во НАТО и во ЕУ

Американскиот Стејт департмент денеска го честиташе формирањето нова влада на Македонија и порача дека САД остануваат партнери за исполнување на аспирациите кон НАТО и кон ЕУ. - Соединетите Американски Држави им честитаат на премиерот Зоран Заев и на мнозинството во Собранието на формирањето нова Влада на Македонија. Како пријател и партнер на Македонија, САД ќе соработуваат со новата Влада во...

Могерини – Хан: А сега работете на реформската агенда

Високата претставничка за надворешна и за безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, и еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан, утринава со заедничко соопштение го честитаа изборот на новата влада на Република Македонија. „Го поздравуваме гласањето за новата влада предводена од премиерот Зоран Заев. Европската Унија е подготвена да ја поддржи работата на новата влада, но и на опозицијата, за...

Бејли им го честиташе изборот на Заев и на новата Влада

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Македонија, Џес Бејли, на новиот премиер Зоран Заев и на парламентарното мнозинство, на „Твитер“, им го честиташе изборот на новата Влада. „Честички до премиерот Зоран Заев и до парламентарното мнозинство за формирањето нова Влада во Македонија. Како пријател и партнер, со нетпрение очекуваме да работиме со новата влада на реформите за напредок кон членството...

Македонија доби нова Влада на чело со Зоран Заев

Со 62 гласа „за“, од вкупно 111 пратеници, колку што гласаа во Собранието на Република Македонија вечерва, неколку минути пред полноќ, беше избрана новата Влада на чело со премиерот Зоран Заев. Новата влада не ја доби поддршката од 44 пратеници кои гласаа „против“, а петмина пратеници на Беса беа воздржани. Новиот премиер и министрите веднаш по изборот дадоа заклетва со која...

За ВМРО-ДПМНЕ програмата на владата била „памфлет“ и „бајка“

Со остри расправии, реплики и со контрареплики помеѓу пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ продолжи пладневниот дел од вториот ден од седницата во Собранието за избор на новата влада. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ велат дека програмата на владата предложена од мандатарот Зоран Заев е „обичен памфлет“ и „бајка“, дека изобилува со популистички ветувања во делот на економијата, како и тоа дека не...

ДПМНЕ се жали ако ја именуваат без ВМРО

Со процедурална забелешка во попладневната сесија, пратеникот Илија Димовски ја разби долгата расправија со реплики и со контрареплики од пратениците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со СДСМ за тоа кој колку направил за земјоделството и кој колку ќе направи за земјоделците. Димовски побара да се внимава на имињата, односно, побара претседателот на Собранието да ги укорува пратениците од владејачкото мнозинство...

Седницата за владата минува во дуели меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Со остра полемика помеѓу пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и пратеници од СДСМ и од неговата коалиција, но и со конфронтации со претседателот на Собранието, Талат Џафери, тече седницата на која се расправа за составот и за програмата на новата влада. Додека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ наведуваат што направиле владите предводени од нивната партијата и прашуваат што ќе направи новата влада на СДСМ,...

Експресно завршени две собраниски седници, продолжува расправата за избор на влада

Во експресни постапки, со едногласно гласање „за“, во Собранието завршија две седници - конститутивната и третата седница, на која единствена точка беше изборот на комисиите на Собранието. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја бојкотираа конститутивната седница, на која требаше да се изберат претседателот, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и на именувањата на Собранието на Република Македонија...

Собранието денеска со три седници, до полноќ треба да избере влада

Покрај втората собраниска седница, на која единствената точка е изборот на владата, во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржи и 21. продолжение на конститутивната седница, на која ќе се расправа за изборот на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија. Продолжението е прво на...

Ибрахими: Владата не е реформска, туку со рециклирани криминалци, не гласам за неа

„Знаете ли, почитуван господине Заев, што е разликата меѓу реформа и рециклирање? Ако под реформа подразбирате дека сте избрале што е добро и денес е во вашиот табор, тоа не е реформа, туку сте направиле рециклирање. Јас бев убеден што причината што одбивте соработка со нас е нашето барање за редефинирање на државата, но гледам дека не било тоа...

Заев: Македонија е созреана за нов начин на водење политика

„Очите на демократскиот свет се вперени во нас. Барам поддршка заедно да зачекориме во европското семејство“, порача денеска во Собранието на Република Македонија мандатарот за составување на владата, Зоран Заев, обраќајќи се не само на пратениците, туку и на граѓаните и на експертите во државата, но и на министрите на кои им рече дека ќе мора да предлагаат решенија,...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ двапати за еден месец го понижи Собранието

„Во вода паднаа најавите за транспарентност и за отчетност на СДС и на коалициските партнери од новото собраниско мнозинство. СДС вторпат го понижи и го деградира Собранието на Република Македонија за само еден месец“, порача ВМРО-ДПМНЕ во редовното утринско соопштение денеска. Партијата вели дека СДСМ ги погазил Уставот, деловникот за работа на Собранието и Законот за Собрание со изборот на...

Џафери и Заев премиерно ја отвораат новата политичка сезона во Собранието

Во Собранието на Република Македонија, денеска, во 11 часот, почнува постапката на избор на новата влада, која, според член 112 од деловникот на Собранието, може да трае најмногу два дена. Оваа седница е првата со која ќе претседава Талат Џафери од ДУИ и првата на која Зоран Заев се обраќа во својство на мандатар. По подолга политичка криза, во која и...

Вториот ешалон „ќе падне“ по изборот на владата, на маса околу 1.000 раководни позиции

Смената во вториот ешалон раководители, по изборот на министрите, би опфатила повеќе од илјада лица во државните институции и во јавните претпријатија. Според последниот регистер, државниот јавен сектор брои 1.291 институција, кои се финансираат од државниот буџет. Владата е основач на 491 институција, Република Македонија на 71, Собранието на 25, а другите 765 институции се основани од општините и од претседателот...

Тошковски: Ќе одговара секој кој незаконски ќе влијае во текот на изборниот ден

МВР ги има сите човечки капацитети, технички ресурси потребни за да гарантираме еден фер и демократски изборен процес и притоа македонскиот граѓанин слободно, врз основа на сопствено убедување си...