fbpx

Груевски омекна за името, подготвен е за „фер решение“?

-

Членството во НАТО и во Европската Унија ќе остане приоритет, но и грижата за фер решение на спорот со јужниот сосед (Грција), изјави синоќа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во своето обраќање пред гласањето за новата влада на премиерот Зоран Заев.

Ставот за „фер решение“ за името, што го нагласи Груевски, отстапува од досегашните тврди позиции на ВМРО-ДПМНЕ, кои беа дефинирани во принципот „името не го даваме“ и како да најавува подготвеност за компромис од страна на партијата околу решавањето на ова прашање.

Груевски во своето, досега можеби „најмеко“ обраќање, истакна дека ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години била предмет на „операција на надворешни центри за промена на власта“. Причината за оваа операција, додаде, била нивната „политика во однос на барање фер решение за проблемот со името, кое не го добивме, и како резултат на тоа сè уште не ја добивме заслужената покана за членство во НАТО и преговорите за влез во ЕУ, кои беа и ќе останат стратешка цел на ВМРО-ДПМНЕ“.

– Сепак, покрај оваа стратешка цел, стратешка цел е и фер решение, а не наметнато решение кое ќе нè обезличи како народ, како нација и како држава. Од новото мнозинство очигледно се очекува поинаков пристап по ова прашање. Времето ќе покаже кој бил во право… ВМРО-ДПМНЕ будно ќе го следи работењето на новото мнозинство и силно ќе се бори за интересите на државата. Државниот ќе остане пред партискиот и личниот интерес. Членството во НАТО и во ЕУ ќе остане приоритет, но и грижата за фер решение на спорот со јужниот сосед… – рече Груевски.

Претходно, на почетокот на својот прв мандат, претседателот на државата, Ѓорге Иванов, рече дека за решавање на проблемот со Грција за името е потребен „разумен компромис“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...