fbpx
Таг: нова влада

таг: нова влада

Милошоски: Мандатарите секогаш давале по 12 дена за дебата за владата и за министрите

„Да се закаже седница за само еден ден, во најмала рака е срамен и недемократски чин кон јавноста и кон Собранието. Тоа покажува дека Зоран Заев се плаши од подетални анализи на нивниот леток што го нарекува програма. Но, се плаши и од подетални анализи што ќе покажат каков е кадровскиот потенцијал на новите предложени министри за владата, која...

Груевски: СДСМ се плаши, затоа брза со гласањето за новата влада во парламентот

СДСМ е уплашена од судот на јавноста и на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, па многу брза со гласањето за новата влада и сака шверцерски „да помине“ низ парламентот, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, при денешната посета на незавршената нова зграда на Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Република Македонија. - Скандалозно е...

Лајчак: Новата влада да ги премости поделбите во македонското општество

Шефот на словачката дипломатија, Мирослав Лајчак, денеска изрази надеж дека со формирањето нова влада ќе се стави крај на политичката криза во Македонија и ќе почне да се работи на надминување на поделеноста на општеството. – Се надевам дека формирањето влада и мандатот на Зоран Заев означува крај на политичката криза, која, за жал, влијаеше на политичките случувања во Македонија...

ВМРО-ДПМНЕ не кажува дали утре ќе присуствува на собраниската седница

ВМРО-ДПМНЕ сè уште не објавува дали нејзините пратеници ќе учествуваат на утрешната собраниска седница, на која треба да се расправа по предлогот на Зоран Заев за нова влада. Утрешната седница е прва по изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието. Неговиот избор ВМРО-ДПМНЕ го нарече „нелегитимен, неуставен и неделовнички“. Од партијата велат дека ставот околу утрешната седница ќе го соопштат наскоро, но...

Собраниска седница за избор на владата утре во 11 часот

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, вчера од мандатарот за составување на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, го добил предлогот за состав на владата и програмата за нејзиниот мандат. Џафери веднаш двата документа ги доставил до пратениците, а седницата за избор на владата ја свикал за утре, во 11 часот, се вели во соопштението од неговиот кабинет.

СДСМ денеска на конгресот ќе го реизбира Заев

Во хотелот „Александар Палас“ во Скопје денеска ќе се одржи 22. редовен конгрес на СДСМ, на кој, покрај другите точки, ќе се изврши реизбор на Зоран Заев за претседател на партијата и ќе се избере нов состав на Централниот одбор. СДСМ на почетокот на месецот распиша конкурси за самокандидирање на заинтересирани за функцијата претседател на партијата и за членови на...

Заев уверен дека Македонија следната недела ќе ја добие новата влада

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев по средбата со лидерот на БЕСА, Биљал Касами во Собранието на Република Македонија, изјави дека сè уште не се целосно доближени ставовите на сите партии и дека преговорите со сите потенцијални партнери во владата продолжуваат и утре. Кажа оти уште не е сигурен дали ќе има договор за влада со четири учесници - СДСМ,...

Спасовски: Македонија има потреба од слободни и неокупирани синдикати

Македонија има потреба од вистински, слободни и неокупирани синдикати и тоа е задача и цел Владата да придонесе да имаме слободни синдикати со кои ќе можеме да разговараме за заштита за работничките права, рече генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, на средбата која ја побарале неколку синдикати. - Денеска е значаен ден заради тоа што на повик на неколку синдикати...

Заев: Тешко дека денеска ќе го поднесам составот на владата во Собранието

Претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата влада, Зоран Заев денеска пред средбата со претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами во Собранието на Република Македонија, изјави дека речиси нема никакви шанси денеска да го достави составот на новата влада до Собранието, а малку е веројатно тоа да се случи и пред утрешниот конгрес. - Не, не верувам дека денеска...

Манчевски: Може грешам, ама го очекувам најлошото од ВМРО-ДПМНЕ

Приоритетите на новата влада се поврзани со итните реформи, кои неколку години наназад се нотирани во европските извештаи, но и во извештаите за реформските приоритети за Македонија, изјави потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски во интервју за „Јуропиан Вестерн Балкан“, додавајќи дека тие се поврзани со владеењето на правото, човековите права и подобрување на животниот стандард на жителите на Македонија. Манчевски...

Заев задутре на конгресот на СДСМ ќе биде единствен кандидат за претседател

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев по вчерашната вечера во Брисел со Федерика Могерини и со премиерите од земјите од Западен Балкан задутре на конгресот на партијата го очекува реизбор за претседател на СДСМ. Заев е единствениот кандидат за претседател на партијата што ќе се избира на задутрешниот, 22. редовен конгрес, кој ќе се одржи во хотелот „Александар Палас“, известија од...

Заев утре на вечера со Могерини и со премиерите од Западен Балкан

Лидерот на СДСМ Зоран Заев утре во Брисел ќе присуствува неформалната вечера на премиерите од Западен Балкан со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, потврдија од СДСМ. Како што соопшти портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов Заев пред неформалната вечера ќе има и билатерална средба со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност. Могерини...

Јас барам/Ние бараме: Земјата да се врати на правиот пат!

Иницијативата „Јас барам / Ние бараме“, која е поддржана од 111 граѓани, денеска изрази загриженост ситуацијата во која што се наоѓа Македонија и воедно даде поддршка за изборот на новиот претседател на Собранието, Талат Џафери. Тие на прес-конференција ги презентираа своите барања кои, според како што рекоа, „ќе осигураат одговорност и ќе значат заземање на нашиот граѓански глас со...

Спасовски: Новата влада треба да биде заснована на принципи, а не на условувања

Завршија разговорите на работните групи на СДСМ и Беса, но без некој конкретен договор. Како што соопштија генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски во следните денови се очекува да продолжат преговорите. - Денеска завршивме со разговор со работната група на БЕСА. Преговорите продолжуваат и во наредните денови. Начелно, разговаравме за принципите на кои треба да биде формирана идната реформска...

Беса преку посебна комисија ќе преговара со СДСМ

Централното претседателство на Движењето БЕСА одржа седница на која е дискутирано за основните начела за заедничкото владеење со СДСМ, соопштија денеска од партијата. На средбата е донесена одлука за формирање посебна комисија, која ќе ги почне преговорите со новиот мандатар, а за координатор на комисијата е избран Арбен Лабеништи, потпретседател на Движење БЕСА. „Во духот на ветувањето за транспарентност со...

СДСМ денеска на преговори со Беса

Преговорите за формирање влада продолжуваат и денеска во седиштето на СДСМ, соопштија за „Мета“ од партијата. Разговорите кои почнуваат во 15.30 часот ќе се водат со претставници на Движењето Беса. Засега не се знае дали средбата ќе биде на највисоко ниво, односно дали разговорите ќе ги водат Зоран Заев и Биљал Касами, или пак ќе бидат на ниво на работни...

Ахмети разговарал со Швајцер Блум и со Жбогар за формирањето на новата влада

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска во амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, имал работна средба со заменик-амбасадорката на САД во земјава, Микаела Швајцер Блум и со амбасадорот на Европската Унија, Самуел Жбогар. Како што соопштија од партијата, на средбата било разговарано за натамошните активности во однос на формирањето на новата влада. Ахмети пред Швајцер Блум и Жбогар го...

Заев и Ахмети се договориле поинтензивно да се договараат

Лидерот на СДСМ и мандатар, Зоран Заев, и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска не разговарале за кадровските решенија за ресорните министерства и оваа тема е оставена за наредните средби, стои во кусото соопштение од СДСМ по средбата на двајцата лидери. Теми на денешната средба, која е прва во рамките на преговорите помеѓу СДСМ и ДУИ за составување нова влада, биле...

Шилегов: Не се битни ресорите, туку принципите на функционирање на владата

„Сосема е небитно прашањето како ќе се распоределат ресорите и кој кадровски решенија ќе бидат за позициите во новата влада. Најбитно за Македонија во моментов е да воспоставиме принципи за функционирање на владата во интерес на граѓаните, за тие владата да ја чувствуваат своја. Доколку останат истите принципи или систем на функционрање на власта, небитни се ресорите и персоналните...

Ахмети замина од СДСМ без да даде изјава – најави соопштение

Повеќе од два часа траеше денешната средба помеѓу лидерот на СДСМ и мандатар, Зоран Заев, и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во седиштето на СДСМ, која е во рамките на преговорите помеѓу партиите за составување нова влада. Ахмети во седиштето на СДСМ пристигна околу 12.30 часот, а го напушти околу 14.45 часот. Лидерот на ДУИ и на заминување не даде изјава...