Заев утре на вечера со Могерини и со премиерите од Западен Балкан

-

Лидерот на СДСМ Зоран Заев утре во Брисел ќе присуствува неформалната вечера на премиерите од Западен Балкан со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, потврдија од СДСМ.

Како што соопшти портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов Заев пред неформалната вечера ќе има и билатерална средба со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност.

Могерини минатата недела испрати покана до шесте премиери од Западен Балкан за вечера во Брисел, но до денеска официјално не се знаеше кој од Македонија ќе вечера со високата претставничка на ЕУ, техничкиот премиер Емил Димитриев или лидерот на СДСМ.

Заев во моментов е мандатар за состав на нова влада и се уште не е премиер, но како што соопштија од кабинетот на Могерини, тој е поканет во својство на „определен за премиер“.

На утрешната неформална вечера, покрај Заев, поканети се и премиерите на Србија, Александар Вучиќ, на Црна Гора Душко Марковиќ, на Албанија, Еди Рама, на Косово Иса Мустафа и на Босна и Херцеговина Дениз Звиздиќ.

Главна тема на средбата ќе биде состојбата во регионот по последните случувања и „како сите заедно може да се движат напред“.

По средбата не се предвидени прес-конфереција и изјави, но од канцеларијата на Могерини најавија дека ќе испратат соопштение со детали од разговорите.

Превезувал стока без документација, приведен 48-годишник

Жител од скопско Танушевци е лишен од слобода поради превезување стока без документација, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи. Како што појаснија, завчера околу 19:20 часот во селото Побожје, општина Чучер...

Приведено лице во Македонски Брод, управувал возило со 2,04 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

Денеска (21.04.2025) во 02.04 часот во Македонски Брод, полициски службеници го лишиле од слобода М.С.(25) од Македонски Брод поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило “ по...

Руските вооружени сили продолжуваат со воените операции во Украина

Руската војска потврди дека нејзините сили ги продолжиле нападите врз Украина по  „велигденскоти примирје“, пишува Гардијан.  „Со завршувањето на примирјето, вооружените сили на Руската Федерација продолжија да ја спроведуваат специјалната воена операција“,...

Почина папата Франциск

Папата Франциск почина на 88-годишна возраст, соопшти Ватикан. Поглаварот на Римокатоличката црква, кој беше бискуп на Рим и духовен водач на повеќе од милијарда верници, стана папа во 2013 година, откако неговиот...

Превезувал стока без документација, приведен 48-годишник

Жител од скопско Танушевци е лишен од слобода поради превезување стока без документација, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи. Како што појаснија, завчера околу 19:20 часот во селото Побожје,...