fbpx

Експресно завршени две собраниски седници, продолжува расправата за избор на влада

-

Во експресни постапки, со едногласно гласање „за“, во Собранието завршија две седници – конститутивната и третата седница, на која единствена точка беше изборот на комисиите на Собранието.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја бојкотираа конститутивната седница, на која требаше да се изберат претседателот, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и на именувањата на Собранието на Република Македонија и во нејзиното продолжение, по паузата од повеќе од половина час. Сепак, претседателот на Собранието, Талат Џафери, откако констатира дека има кворум од пратеници, го стави на дневен ред гласањето за Комисијата за избори и за именувања. Од 62 присутни пратеници, сите гласаа „за“, немаше воздржани, со што комисијата беше избрана.

Потоа продолжи третата седница, на која единствена точка беше предлог-одлука за основање на постојани работни тела на Собранието на Република Македонија, поднесена од пратениците Горан Мисовски, Ејуп Аљими и Илија Димовски. На неа присуствуваа и голем дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Откако никој не се пријави за расправа за составот на комисиите, кој претходно е договорен меѓу партиите, Џафери го стави предлогот на гласање, при што од 92 присутни пратеници, „за“ гласаа 91, а само еден беше воздржан, со што беа избрани и комисиите.

Денеска напладне продолжува седницата за избор на влада предложена од мандатарот Зоран Заев, која треба да заврши најдоцна до полноќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...