fbpx
Таг: нова влада

таг: нова влада

Косово изгласа нова влада

Со 62 гласа „за“, во парламентот на Косово беше изгласана нова влада, предводена од лидерот на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај. Владата ја поддржаа партијата на Харадинај, Демократската партија на Кадри Весели, Иницијативата за Косово на Фатмир Лимај, Алијансата за Ново Косово на Беџет Пацоли, пратеничката група на Србите и онаа на немнозинските етнички заедници. Пред гласањето салата...

Германија: По години безуспешни преговори, Бугарија и Македонија најдоа решение

„Денеска Бугарија и поранешната југословенска Република Македонија потпишаа историски договор за добрососедство во Скопје. Го поздравувам многу тоа што по многу години безуспешни преговори, се најде консензуално решение на отворените прашања. Со тоа двете држави испраќаат важен сигнал за успешна билатерална, но и регионална соработка на Балканот и за понатамошната евро-атлантска интеграција на ПЈР Македонија“, порача германскиот министер за надворешни...

Бибер: Владата во Македонија може да го разбие циклусот на цинизам за проширувањето на ЕУ

Новата влада во Македонија може да биде импулс за разбивање на циклусот на цинизам што владее во Европската Унија и во земјите од Западен Балкан, во однос на проширувањето на Унијата, вели Флоријан Бибер, професор на Универзитетот во Грац и член на советодавната група за политиките за внесување на Балканот во Европа, во интервју за „Јуропиан Вестерн Балканс“. Бибер го дефинира...

Коѕиас: Новата влада ја потсмири реториката, но ништо суштински не е сменето

Новата влада ја потсмирила реториката и има покоректна комуникација, но сепак ништо суштински не е сменето, изјави шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас во интервју за „Еуроактив“, за новата македонска влада. Тој истакна дека за време на својата посета на Скопје во август, ќе разговара со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, за прашањата што не биле отворени на средбата...

Нимиц: Не носам нов предлог за името, доаѓам да ја тестирам подготвеноста за напредок

Овојпат не носам ново предлог-решение во Скопје, доаѓам да разговараме за напредокот во преговорите со Атина околу спорот за името, вели специјалниот пратеник на Обединетите нации во разговорите меѓу Македонија и Грција во интервју за емисијата „360 степени“ на телевизијата „Алсат М“. Нимиц, кој од денеска до 4 јули ќе престојува во Скопје, на покана на македонската Влада, вели дека...

Пломп: Постои видлив ентузијазам во државата од работата на новата Влада

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Холандија, Ваутер Пломп, кој во име на холандскиот премиер Марк Руте, му честиташе за стапувањето на должноста. Холандскиот амбасадор, како што соопштуваат во кабинетот на премиерот, изразил големо задоволство од изборот на новата Влада и од нејзината посветеност на реформите. Премиерот најавил инклузивни политики во државата, со активна вклученост на граѓанското општество...

Хан пред посетата на Скопје: И Владата и опозицијата да се фокусираат на реформите

Новата Влада и опозицијата треба да се фокусираат на имплементацијата и на реформските приоритети и на Договорот од Пржино за да ја вратат Македонија на патот кон Европската Унија, се вели во денешното соопштение на еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, во пресрет на неговата посета на земјава, закажана за понеделник. „Земјата, со континуирана помош од Европската...

Туск и Јункер му го честитаа на Заев изборот за премиер

Претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија, Доналд Туск и Жан-Клод Јункер, денеска испратиле честитка до Зоран Заев по повод неговиот избор за премиер и за формирањето на новата Влада. „Формирањето на новата Влада нуди можност за придвижување надвор од рамките на политичката борба што ја држеше земјата назад толку долго. Наредниот период ѝ нуди на новата Влада можност...

Заев до Тимоние: Подготвени сме за брзо и ефикасно спроведување на реформите

Премиерот Зоран Заев денеска со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние разговарал за приоритетите на новата Влада, како и за отворањето на перспективите на Република Македонија кон Европската Унија и кон НАТО. - Подготвени сме за брзо, квалитетно и ефикасно спроведување на клучните реформи што ќе обезбедат квалитетен живот за сите граѓани, а ќе ги осигураат и евроатлантските интеграции на Македонија -...

Врхушката на ВМРО-ДПМНЕ барала амнестија, Заев тврди дека не прифатил

Имаше барања од врхушката на поранешната владејачка партија, но тие барања беа отфрлени, изјави вечерва премиерот Зоран Заев во интервју за националниот сервис МРТВ, одговарајќи на прашањето дали во изминатиот период имало разговори за амнестија на функционери од ВМРО-ДПМНЕ. Тој истакна дека правдата мора да важи за сите, односно дека дури и неговите најблиски соработници и членови на семејството ќе треба...

ВМРО-ДПМНЕ: Владата има генерален секретар кој е против НАТО

ВМРО-ДПМНЕ денеска на две прес-конференции изрече остри критики против владата на Зоран Заев, напаѓајќи ги генералниот секретар, Драги Рашковски, и министрите за привлекување странски инвестиции, Рамиз Мерко и Аднан Ќахил. Цитирајќи повеќе делови од книга објавена од Правниот факултет, во кои се искажани ставови на Рашковски, Антонијо Милошоски порача дека тие се проблем за целата држава, оти „НАТО ги нарекува...

Почна првата седница на новата Влада

Почна првата седница на новата Влада предводена од премиерот Зоран Заев. Половина час пред почетокот на седницата, новинарите имаа можност да го разгледаат ентериерот на зградата на Владата, која првпат беше отворена за јавноста по нејзиното реновирање. Отворени беа и трите главни влеза од оградата на владината зграда, за која Заев најави дека ќе се бара законско решение и мислења...

Заев – Жбогар: Сега е време да почне вистинската работа со реформите

Првиот состанок како премиер на владата го одржав со амбасадорот Самуел Жбогар и со неговиот тим, затоа што нема поважна работа за Македонија од интеграциите во ЕУ и во НАТО, изјави премиерот Зоран Заев по состанокот. На средбата било разговарано за работите што треба новата влада да ги направи во процесот на евроинтеграциите, како и за веќе почнатите проекти, но посебен акцент...

Заев: На првата седница се економските закони и кадровските решенија

Пакет економски закони, распределување на ресорите и портфолијата на министрите без ресори, поставување на заменици на претседатели на Владата, избор на генерален секретар и шеф на кабинет и формирање на постојните и на адхок комисиите, ќе бидат темите на дневен ред на денешната прва седница на новата Влада, закажана за 14 часот, најави премиерот Зоран Заев. - Мој прв впечаток е...

Новата Влада во 14 часот ќе ја одржи првата седница

Со почеток во 14 часот, новата влада предводена од Зоран Заев денеска ќе ја одржи првата седница. На веб-страницата на Владата нема информации за дневниот ред, но се очекува, според досегашното искуство со владите, на седницата да се дискутира за новите имиња на раководните позиции во вториот и во третиот ешалон. За заменичките позиции во министерствата се очекува кандидати да...

Граѓаните знаат што направи ВМРО-ДПМНЕ додека ја водеше владата, велат од партијата

Креирањето хајки, измислувањето афери и манипулациите се силна страна на СДСМ, но тоа нема да им донесе придобивки на граѓаните ниту на краток, ниту на среден, ниту на долг рок, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ. „Антиреформската влада на СДС нема да може бесконечно да користи кредити употребувајќи го зборот „ќе“. Граѓаните очекуваат минимална плата од...

Истекува рокот на СЈО за обвиненија: Ќе реагираат ли Собранието и Уставниот суд

Денеска истекува првиот рок од 18 месеци за поднесување обвиненија од страна на Специјалното јавно обвинителство, односно за предметите што тоа ги презеде од Основното јавно обвинителство на 4 декември 2015 година, со што останува енигма што ќе се случува со овие случаи. На 30 јуни, пак, истекува и рокот за поднесување обвиненија за случаите што произлегуваат од прислушуваните материјали кои...

Хојт Ји: Од новата влада очекуваме соработка, реформи и решавање на спорот со Грција

„Очекуваме од новата влада да биде партнер со меѓународната заедница, со Европската Унија и со САД, со земји - долгогодишни партнери на Македонија, во насока на спроведување на потребните реформи за да може да напредува. Да ги реши прашањата со соседите, вклучувајќи ја и Грција“, изјави заменик-помошникот на американскиот државен секретар за Европа и за Евроазија, Брајан Хојт Ји,...

Кукан, Вајгл и Флекенштајн очекуваат Европскиот парламент да го изгласа извештајот за Македонија

Тројцата европратеници Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн го поздравија формирањето на новата влада и порачаа сите партии да дејствуваат во конструктивен дух на помирување. Тие порачуваат дека по три одложувања поради политичката несигурност, очекуваат Европскиот парламент да гласа за извештајот за државата за 2016 година на закажана седница во јуни. „Исто така, се радуваме на соработка на Европскиот...

ОМД го поздрави формирањето на новата влада и побара одговорно владеење

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја поздравува мирната транзиција на власта што се случи вчера во Македонија и на новата влада ѝ посака многу успех во извршувањето на должностите. „Следејќи ја 13-годишната практика, ОМД ќе продолжи да соработува и да работи со секоја влада на власт за афирмација на Македонија како уникатен портал во Југоисточна Европа и регионален лидер по својата стабилна...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...