fbpx

Новата Влада во 14 часот ќе ја одржи првата седница

-

Со почеток во 14 часот, новата влада предводена од Зоран Заев денеска ќе ја одржи првата седница.

На веб-страницата на Владата нема информации за дневниот ред, но се очекува, според досегашното искуство со владите, на седницата да се дискутира за новите имиња на раководните позиции во вториот и во третиот ешалон. За заменичките позиции во министерствата се очекува кандидати да предложат сите партии што влегоа во владиниот состав, како и партиите што влегоа во Коалицијата за живот во Македонија, која СДСМ ја предводеше на изборите во декември.

На оваа седница можеби ќе се избере и нов генерален секретар на Владата и нов директор на владината Служба за општи и заеднички работи.

Претходно, точно напладне е закажана средба помеѓу премиерот Зоран Заев и амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...