fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ двапати за еден месец го понижи Собранието

-

„Во вода паднаа најавите за транспарентност и за отчетност на СДС и на коалициските партнери од новото собраниско мнозинство. СДС вторпат го понижи и го деградира Собранието на Република Македонија за само еден месец“, порача ВМРО-ДПМНЕ во редовното утринско соопштение денеска.

Партијата вели дека СДСМ ги погазил Уставот, деловникот за работа на Собранието и Законот за Собрание со изборот на Талат Џафери за претседател пред повеќе од еден месец, а потоа со закажувањето седница за избор на влада за само еден ден.

„Изминативе 16 години, во Република Македонија се воспостави една демократска практика каде се оставало простор од минимум 12 дена помеѓу доставувањето на предлогот за избор на влада и закажувањето на собраниската седница. Ова е простор за јавна дебата и за сериозна анализа на владината програма и на предложените кандидати за министри. Како по обичај, СДС и аболираниот криминалец Зоран Заев оваа демократска практика ја погазија и одлучија да се закаже седница за само еден ден“, тврди ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата вели дека Зоран Заев сака да сокрие нешто од македонската јавност, пред која треба да даде отчет и го обвини претседателот на СДСМ дека иако ветувал најмногу 20 министри во новата влада, сега предлага владин кабинет од 26 министри.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Температурните разлики се шок за луѓето, летоска можно е да има грмотевични бури

Деновиве се случуваат големи температурни осцилации. Влеговме во пролет со летни температури, а сега имаме ниски температури. Чувствителните луѓе реагираат на овие драстични временски разлики бидејќи организмот не може...