fbpx
Таг: НАТО

таг: НАТО

НАТО го поздрави договорот помеѓу Грција и ЕУ

НАТО го поздрави договорот за програмата за помош помеѓу Грција и Европската унија. Од Алијансата истакнуваат дека грчката економска стабилност има витално значење за безбедноста на другите земји-членки на НАТО. - Го поздравувам договорот затоа што мислам дека е важен за грчката економоја, но и за Европа во целина, како и за НАТО. Стабилноста и економскиот напредок на Грција се...

Генералот Хол се заблагодари за поддршката на АРМ за НАТО

Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, денеска се сретна со заменик-началникот на секцијата за планирање, политика и за партнерство на командата на САД за Европа, бригадниот генерал Вилијам Хол. На средбата, која е дел од посетата на заменик-помошникот за одбрана на САД, Евелин Фаркаш, на Република Македонија, генералите Котески и Хол разговарале за меѓуармиската соработка и за нејзино...

Јолевски: Целта на Македонија е да биде полноправна членка на НАТО

Македонија е подготвена да го заземе своето заслужено место како полноправна членка на НАТО, истакна министерот за одбрана, Зоран Јолевски, на денешната средба во Министерството, со заменик-помошникот секретар за одбрана на САД, Евелин Фаркаш, која престојува во посета на нашата држава. Јолевски истакнал дека стратегиските цели на Македонија и понатаму останува да бидат членство во НАТО и во Европската унија. -...

Попоски в понеделник ќе се сретне со Нуланд

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, в понеделник ќе се сретне со Викторија Нуланд, помошничка на државниот секретар на Соединетите Американски Држави задолжена за европски и евроазиски прашања, соопшти МНР. За време на средбата, се наведува во соопштението, предвидено е да се разговара за досегашниот успешен развој на односите меѓу двете пријателски држави, втемелени во Декларацијата за стратегиско партнерство и соработка,...

Столтенберг: Грција е потенцијален безбедносен проблем

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и хрватскиот премиер Зоран Милановиќ, во заедничката изјава по разговорите, оцениле дека Грција е силен сојузник во НАТО, но и потенцијален безбедносен проблем. - Грција беше и останува силен сојузник. Грчката влада повеќепати потврди дека нема да ја поврзе должничката криза со својата цврста посветеност кон НАТО – рече Столтенберг, одговарајќи на новинарско прашање. Хрватскиот премиер...

Јолевски ќе учествува на состанокот на НАТО за мисијата „Одлучна поддршка“

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, денеска ќе оди во Брисел. Таму ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво на министри за одбрана од земјите кои учествуваат во мировната мисија „Одлучна поддршка“.

Раковец: Словенија ќе продолжи да биде верен пријател и поддржувач на Македонија

„Словенија ќе продолжи да биде верен поддржувач и искрен пријател на евроатлантските интеграции на Република Македонија. Ќе продолжиме да го помагаме вашиот пат кон членство во ЕУ и во НАТО“, рече денеска  амбасадорот на Словенија, Бранко Раковец, на приемот во Скопје по повод одбележување 24 години од независноста на Словенија. На приемот на кој присуствуваа претседателот на Собранието на РМ,...

Прва вежба на новите сили за брза реакција на НАТО

Северно-атлантската алијанса (НАТО) ја спроведува првата вежба на новите сили за брза реакција, во услови на зголемени тензии меѓу Западот и Русија, јавува „Би-Би-Си“. Силите за брза реакција се формирани по минатогодишниот Самит на НАТО во Велс, како одговор на кризата што беснее во Украина. Повеќе од 2.000 трупи, од девет земји-членки на алијансата, учестуваат во првата вежба на силите за брза...

САД подготвени да распоредат воена опрема во Источна Европа

Пентагон би можел да распореди тенкови, оклопни транспортери и друго тешко оружје за околу 5.000 војници во неколку балтички и источноевропски држави, за одбрана од евентуална агресија од Русија, пишува американскиот весник „Њујорк тајмс“. Повикувајќи се на американски и на сојузнички функционери, весникот наведува дека доколу предлогот биде одобрен, тоа ќе биде првпат по завршувањето на Студената војна, Вашингтон да...

Јолевски: Граѓаните и политичките партии даваат континуирана поддршка за влез во НАТО

Граѓаните на Македонија даваат континуирана висока поддршка на процесот за интеграција кон Алијансата, процес кој е поддржан и од политичките партии во Македонија, рече министерот Зоран Јолевски на Глобалниот форум „Вроцлав 15“ во Полска, односно на панел-дискусијата „Патот кон Европа“. - Македонија и земјите од регионот на следниот самит, кој ќе се одржи тука во Полска, треба да бидат поканети...

Неформален форум за евроатлантските интеграции на Македонија

Министерството за одбрана во следните два дена во Берово организира неформален форум посветен на македонските евроатлантски интеграции, како и на предизвиците за Македонија во новата геополитичка реалност. Како што се наведува во соопштението од Министерството, на форумот ќе се разгледа кои чекори Македонија може да ги преземе во пресрет на следниот самит на НАТО и во процесот на пристапување кон...

Вељаноски се сретна со Батели и со Нотеле

Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија, денеска се сретна со Роберто Батели, специјалниот претставник на Парламентарното собрание на ОБСЕ за Југоисточна Европа, и со амбасадорот Андреас Нотеле, специјален претставник на Парламентарното собрание на ОБСЕ во Виена. Како што соопштија од кабинетот на Вељаноски, на средбата се разговарало за актуелните случувања во државата, можните исходи од моменталните политички случувања,...

Воени вежби на НАТО во балтичките земји и во Полска

Во балтичките земји и во Полска почнаа воените вежби на НАТО предводени од САД, чија цел е да се смират соседите на Русија кои беа вознемирени поради тензиите околу Украина. Повеќе од 6.000 војници од 13 земји-членки на НАТО учествуваат во воени вежби во Естонија, Летонија, Литванија и во Полска, сите членки на ЕУ и на НАТО. - Ова се едни...

Рама зборувал симболично за блокадата на Македонија во НАТО

„Зборував симболично во името на НАТО, односно што треба Македонија да стори за членство во НАТО, а тоа е она што го изјавува и премиерот Никола Груевски“, изјавил албанскиот премиер Еди Рама, на прес-конференцијата со неговиот српски колега, Александар Вучиќ, кој од денеска е во официјална посета на Тирана, пренесува „Телма“. - Тоа што неодамна го изјавив за Македонија во...

Соломон Паси за едно евро му бил советник на Никола Груевски

Поранешниот шеф на бугарската дипломатија, Соломон Паси, за националната телевизија БНТ, потврди дека за минимална сума бил советник на актуелниот премиер на Македонија, Никола Груевски, во периодот од 2007 до 2008 година. - Договорот беше за едно евро. Си ја завршив својата работа за околу 10 месеци и беше донесена одлука дека Македонија ќе стане членка на НАТО – рече Паси. Според...

Генералниот секретар на НАТО им се извини на Грците за „Македонија“

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ѝ се извини на Грција за користењето на името „Македонија“ наместо референцата БЈРМ на последниот состанок на министрите за одбрана на НАТО во Брисел. Столтенберг образложил дека не било намерно именувањето на Македонија под уставното име, туку случајна грешка. Како што информираат грчки дипломатски извори, Столтенберг се извинил на состанокот со грчкиот постојан претставник во...

Албанија најави вето за Македонија во НАТО, МНР и МО се консултираат за реакција

По Грција, и Албанија најавува дека ќе го користи правото на вето на барањето Македонија да стане членка на НАТО. Ова произлегува од говорот на албанскиот премиер, Еди Рама, на регионалната министерска средба за борба против тероризмот, на која учествуваат министри за внатрешни работи на неколку европски влади, кога тој зборувал за аспирациите на Македонија да стане членка на НАТО. -...

Грците нервозни: Столтенберг четирипати рече „Македонија“

Именувањето на Македонија под уставното име од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, предизвика реакции во Грција. Грчките претставници на заедничкиот состанок на министри за надворешни работи и за одбрана на ЕУ реагирале веднаш штом Столтенберг почнал да нè именува „Македонија“. Грција планира да испрати протестна нота од постојаното претставништво на Грција во НАТО до генералниот секретар за да реагира за оваа...

Столтенберг: Да се избегне ескалација на кризата во Македонија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во пресрет на заседанието на министрите за надворешни работи и за одбрана на алијансата во Брисел, се задржа и на настаните во Македонија. - Верувам дека мирните демонстрации се дел од демократското општество. Најважно е да се избегне ново насилство, да се направи сè за да се осигури развој на демократските институции и во целост...

Почна Парламентарното собрание на НАТО во Будимпешта

Пленарното заседание на Парламентарното собрание на НАТО, на кое треба да се усвои нацрт-декларацијата на ова меѓународно тело за проширување на алијансата, почна во Будимпешта. Претседателот на македонското собрание, Трајко Вељаноски, учествува на денешното заседание и ќе има свое обраќање. Нацрт-декларацијата ја подготви шефот на унгарската делегација, Михаили Бала. Претходно е најавено дека Декларацијата за проширувањето би требало да биде усвоена на...

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...