fbpx

Попоски в понеделник ќе се сретне со Нуланд

-

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, в понеделник ќе се сретне со Викторија Нуланд, помошничка на државниот секретар на Соединетите Американски Држави задолжена за европски и евроазиски прашања, соопшти МНР.

За време на средбата, се наведува во соопштението, предвидено е да се разговара за досегашниот успешен развој на односите меѓу двете пријателски држави, втемелени во Декларацијата за стратегиско партнерство и соработка, како и за заемно истакнатиот интерес за нивно понатамошно унапредување во сите области од заеднички интерес.

Истовремено, се очекува да се потврди стратегиската определеност на нашата држава за членство во НАТО и во Европската унија, а воедно ќе се пренесе и благодарноста за американската поддршка за македонскиот интегративен процес, како и за препознавањето на исполнувањето на стандардите за членство во НАТО на Република Македонија, пишува во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...