fbpx

Судиите денеска ги избраа членовите на Советот на факти

-

Околу 600 судии денес на тајно гласање избираа пензионери кои ја ке оценуваат нивната работа. Гласањето беше тајно,  а резултатите ќе бидат објавени во понеделник.

Се гласаше за 19 кандидати за седум од девет места. За двете места од редот на пензионирани професори по право, ќе биде распишан нов оглас.

Подготовките за гласањето ги направи Комисијата за избори составена од членовите на Судскиот совет..

Судскиот совет во иднина ќе одлучува за дисциплинска одговорност на судиите, како и за утврдување одговорност за нестручно и несовесно работење, а предлозите ќе ги иницира ова ново тело. Тоа ќе биде составено од 9 члена од редовите на пензионирани судии, обвинители и адвокати кои во текот на својата кариера не биле дисциплински санкционирани и имаат најмалку 15 години непрекинат стаж, како и од редовите на пензионираните универзитетски професори на правните факултети низ Македонија со истакнати резултати и со објавени научни трудови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...