fbpx

Раковец: Словенија ќе продолжи да биде верен пријател и поддржувач на Македонија

-

„Словенија ќе продолжи да биде верен поддржувач и искрен пријател на евроатлантските интеграции на Република Македонија. Ќе продолжиме да го помагаме вашиот пат кон членство во ЕУ и во НАТО“, рече денеска  амбасадорот на Словенија, Бранко Раковец, на приемот во Скопје по повод одбележување 24 години од независноста на Словенија.

На приемот на кој присуствуваа претседателот на Собранието на РМ, Трајко Вељаноски, министри во Владата, претставници на институции и на бизнис-заедницата, членови на дипломатскиот кор, претставници на верските заедници и други гости, тој истакна дека Словенија и Македонија негуваат одлични пријателски односи, кои датираат уште од времето кога беа дел од една заедничка држава. Раковец го истакна значењето на соработката во однос на туризмот, културата и особено во економијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...