fbpx

Вељаноски се сретна со Батели и со Нотеле

-

Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија, денеска се сретна со Роберто Батели, специјалниот претставник на Парламентарното собрание на ОБСЕ за Југоисточна Европа, и со амбасадорот Андреас Нотеле, специјален претставник на Парламентарното собрание на ОБСЕ во Виена.

Како што соопштија од кабинетот на Вељаноски, на средбата се разговарало за актуелните случувања во државата, можните исходи од моменталните политички случувања, како и за тековните активности на Собранието и за посветеноста на Македонија во остварување на реформите за што поскоро почнување на пристапните преговори за влез во Европката унија и во НАТО. ­

Претседателот Вељаноски го поздравил постигнатиот договор помеѓу лидерите на политичките партии за надминување на несогласувањата и изразил надеж дека наскоро Собранието ќе почне да функционира во полн состав бидејќи работата на Собранието и неговиот придонес во функционирањето на една држава се од исклучително значење.

Соговорниците се согласиле  дека политичката дебата треба да се одвива во Собранието бидејќи собраниската говорница е најдобар инструмент преку кој може да се изразат мислењата и ставовите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...