fbpx

Неформален форум за евроатлантските интеграции на Македонија

-

Министерството за одбрана во следните два дена во Берово организира неформален форум посветен на македонските евроатлантски интеграции, како и на предизвиците за Македонија во новата геополитичка реалност.

Како што се наведува во соопштението од Министерството, на форумот ќе се разгледа кои чекори Македонија може да ги преземе во пресрет на следниот самит на НАТО и во процесот на пристапување кон него. На средбата, исто така, ќе бидат разменети експертски мислења и за регионот и за позицијата на Македонија во него.

На неформалниот собир ќе учествуваат поранешни министри за одбрана, членови на Собранието и високи претставници на тинк-тенк заедницата во САД.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...